Ајурведата препорачува избегнување на антибактериските сапуни и козметика

Опасност за бремени жени и новородени деца!

Според најновото истражување, бремените жени треба да избегнуваат употреба на антибактериски сапуни, бидејќи вообичаените антибактериски соединенија се повеќе ги загрижуваат здравствените експерти, кои се сомневаат дека сапуните можат негативно да влијаат на развојот на фетусот и мајката. Некои истражувања покажуваат дека адитивите во антибактериските сапуни придонесуваат за отпорност на антибиотици, што е голем здравствен проблем. Исто така, се посочува штетноста на хемикалиите врз сперматозоидите, што е потврдено од германски и дански научници, кои тестирале скоро 100 хемикалии, кои се користат секој ден, и откриле дека хемиските препарати се дури трет негативен фактор за здрава сперма. Научниците предупредуваат дека сите присутни хемикалии, кои се наоѓаат во пастата за заби, сапуните и крема за сончање, исто така можат да придонесат за големи проблеми со фертилитетот на Запад. Во една студија во Аризона, научниците ја разгледале изложеноста на бремените жени и нивните фетуси на триклосан и триклокарбан (органски соединенија што содржат 12 и 13 атоми на јаглерод, соодветно). Имено, најновото истражување укажува на поврзаност помеѓу изложеноста на хемикалии и помалата тежина на новороденчето. Бени Пајк, коавтор на истражувањето од Државниот универзитет во Аризона, вели дека податоците покажале дека овие хемиски соединенија можат да доведат до развојни нарушувања и репродуктивни проблеми кај животните, а потенцијално и кај луѓето. Исто така, во 2010 година, научниците од Флорида открија дека хемиската состојка триклосан се меша со ензимот, кој е поврзан со хормонот естроген, што е загрижувачки бидејќи естрогенот игра клучна улога во развојот на мозокот и регулацијата на генот. “Пронајдовме триклосан во сите примероци на урина на бремени жени што ги проучувавме. Исто така, откривме присуство на триклосан во околу половина од примероците на крв од папочна врвца што ги зедовме, што значи дека ефектот на хемикалиите е тесно поврзан со фетусот. Триклокарбан исто така беше забележано во повеќето примероци “, откриле научниците. Резултатите добиени од колешката од Универзитетот во Њујорк, Лора Гер, ја откриваат врската помеѓу жените со високо ниво на распространета антибактериска супстанца бутил парабен, која најчесто се наоѓа во козметичките производи, со намалена должина кај новороденчињата.

Затоа не двоеумете се да ги користите нашите 100% природни ајурведски производи за нега на најголемиот орган – кожата. А за секојдневна нега користете го нашиот ајурведски сапун.

Ајурведски сапун за природна нега на лице и тело

МАСЛА

 

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...