Ајурведата препорачува редовно практикување на јога вежбата свеќа во време на пандемија
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведата препорачува редовно практикување на јога вежбата свеќа во време на пандемија

Ајурведата препорачува редовно практикување на јога вежбата свеќа во време на пандемија

by | Apr 26, 2021 | 0 comments

Кралица на јога вежбите-свеќа

Јогините тврдат дека за „плакнење“ на мозокот со голема количина на крв, за подобрување на
сите функции на мозокот, за отстранување бројни грчеви на крвните садови, кои се причина за
голем број главоболки, вежбата -свеќа е прогласена за „кралица на сите вежби“.
Секојдневното практикување- Свеќа, го смирува умот, го ублажува стресот и депресијата,
спречува и ублажува проширени вени, ги чисти белите дробови, ја стимулира тироидната
жлезда, простатата и абдоминалните органи, ги истегнува рамената и вратот, помага при
слабеење, го подобрува движењето на лимфата, ги релаксира мускулите на ногата и задникот ,
позитивно влијае на варењето, ги ублажува симптомите во менопауза, го намалува заморот и
ја елиминира несоницата.
Постојаното исправено држење на телото, во комбинација со седечкиот начин на живот,
ослабен абдоминален sид и мускулатура, се причина за „спуштени“ внатрешни органи и извор
на тешки функционални нарушувања.
Јогините тврдат дека стоењето на главата, односно плакнење на мозокот со голема количина
на крв, покрај тоа што ги подобрува сите функции на мозокот, ги отстранува и бројните грчеви
на крвните садови кои предизвикуваат голем број главоболки. За луѓето кои премногу седат,
мускулните контракции се недоволни за да се обезбеди вените со нормална брзина на проток
на крв, што предизвикува акумулација на венска крв во нозете и слаба циркулација во
абдоминалните органи. Но, проблемите со циркулацијата за „седењето“ не завршуваат тука.
Поради недоволно движење, циркулацијата во артериите е отежната, особено кон мозокот,
кој како голем потрошувач на кислород, има потреба од дополнителен проток на крв.
Интересно, има следбеници на јога кои тврдат дека со редовно изведување на вежби како што
се стој за глава или свеќа, успеале целосно да избегнат хируршка интервенција поради
спуштените органи кои се чинеле неопходни.
Единствената непријатност е што поради нешто посложената техника на изведба, „кралицата“
не се користи многу широко.

Придобивки од Свеќа или Sarvangasana

*го смирува умот
*го олеснува стресот и депресијата
*спречува и ги ублажува болестите на проширените вени
*прочистува белите дробови
*ја стимулира работата на тироидната жлезда, простатата и абдоминалните органи
*се прочистува енергијата и стресот во пределот на рамената и вратот
*промовира губење на тежината
*го подобрува движењето на лимфата
*ги релаксира мускулите на нозете и задникот
*позитивно влијае на варењето на храната

*ги ублажува симптомите во менопауза
*го намалува заморот
*ја отстранува несоницата
*терапевтски методи во случаи на астма, неплодност и синузитис

Сарвангасана припаѓа на позициите на таканаречената инверзија и тие се оние кои го
олеснуваат; рбетот, особено неговиот долен дел. Покрај тоа, свеќата е одлична за
подобрување на циркулацијата низ целото тело, што е често болка кај луѓето кои поминуваат
многу време во иста положба, без разлика дали е седечка или стоечка позиција. Сарвангасана
се користи како терапевтски метод во случаи на астма, неплодност и синузитис.
– Како правилно да се изведе свеќа или #Sarvangasana
Ставете простирка на подот и легнете на грб со горниот дел од грбот, рамената и главата
потпрени на подот. Ставете ги рацете испружени покрај телото. Свиткајте ги колената така што
стапалата ќе се потпираат на земјата што е можно поблиску до мускулите на задникот. Со
воздишка, потпрете ги дланките на подот и подигнете ги стапалата од подот, повлекувајќи ги
бутовите кон градите. Во продолжение на движењето, подигнете ја карлицата и спуштете го
грбот од подот, привлекувајќи ги колената кон главата. Потоа, потпрете ги дланките на
долниот дел на грбот, држејќи ги лактите неподвижни на мат, со што ќе го поддржите
грбот.Држете ги лактите во оваа позиција што е можно поблиску еден до друг. Подигнете ја
карлицата над рамената така што торзото е што е можно повертикално на подот. Вдишете и
подигнете ги свитканите колена кон таванот обезбедувајќи ги бутовите вертикално. Петите во
овој дел од движењето сè уште висат кон задникот. Потоа, со вдишување, продолжете ги
потколениците нагоре туркајќи ги потпетиците кон таванот. Донесете ги рамената што е можно
поблиску една до друга и туркајте ги градите кон брадата. Брадата треба да биде нормална на
земјата и паралелно на челото. Потпрете ги рамената на подот и подигнете го горниот дел од
грбот од подот што е можно повеќе. Погледнете малку во градите. Првично останете во таа
позиција 30 секунди, а потоа продолжете го времетраењето за 5 секунди секој нареден ден
додека не достигнете 3 минути. Излегувате од положбата со свиткување на колената кон
градите, и полека и внимателно спуштање на грбот кон земјата.
Забелешка
Постои една ситуација кога се избегнува изведување на Сарвангасана. Имено, се препорачува
жените за време на менструален циклус да избегнуваат да ја вежбаат оваа асана. Телото се
обидува да ја исфрли крвта од матката за време на менструалниот циклус. Со изведување на
на оваа обратна позиција, го оневозможувате овој приорден процес.

 

ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...