Ајурведа и дијабетес – шеќерна болест

Во Ајурведата, дијабетесот се нарекува madhumey – мадумеј. Класифицирана е како голема болест која, ако не се лекува навреме, може да доведе до други компликации во телото како што се болки во зглобовите, проблеми со очите, импотенција, откажување на бубрезите, инфекции на кожата и т.н.. Според Ајурведата, причината за дијабетесот лежи во долгорочната акумулација на кафа доша, што предизвикало телото да влезе во сериозна нерамнотежа. Клучните фактори кои можат да ја нарушат кафа дошата и да предизвикаат дијабетес вклучуваат: седентарен начин на живот, прекумерно спиење, несоодветна исхрана во која преовладуваат млекото и млечните производи, алкохолни пијалоци, слатка храна, прекумерна тежина и месна храна, прекумерно внесување на зачинета, ладна и зачинета храна, стрес и вознемиреност, потиснување на нагон за уринирање и голема нужда. Справување со дијабетес е понекогаш долготраен процес, но во никој случај невозможно. Со промена на животниот стил и исхрана, особено на самиот почеток, додека ткивото сè уште не го исцрпило сопствениот капацитет за производство на инсулин, можете да му помогнете на телото да го победи дијабетесот, а особено дијабетисот тип 2.

8 ајурведски совети за контрола на дијабетес

Следете диета за да ја балансирате кафа дошата

На кафа дошите и годи храна која е топла, лесна и сува и има лут, горчлив вкус. Избегнувајте слатка, кисела, солена и тешка, мрсна и ладна храна. Житарки што ја смируваат кафата се: лесни, суви и цело зрно. Од житарки, дадете предност на: јачмен, просо, пченка, ‘рж, киноа, хељда и тапиока. Мешунките се претежно горчливи на вкус и се погодни за кафа доша. Важно е добро да се готват и зачинат мешунките, за да бидат полесно сварливи. Исто така, јадете растителни влакна бидејќи ќе ви овозможат ситост и поддршка на здравјето на срцето и имунитетот. Храна богата со растителни влакна вклучува: грашок, црн грав, леќа, бадеми, овес, јачмен, овошје и зеленчук како што се јаболка, круши, агруми, брокула, бамја, зелје, артичока и цвекло. Избегнувајте слатки плодови како ананас, грозје и манго. Консумирајте салати и вклучувајте повеќе зелен и лиснат зеленчук. Марулата е одличен избор заради ниската содржина на јаглени хидрати и минималните ефекти врз нивото на шеќер во крвта.

Не го прескокнувајте појадокот

Појадокот е многу важен оброк – може да ви го разубави или расипе денот. По спиење, на вашето тело му треба храна за да го балансира нивото на шеќер во крвта. Висок протеински појадок може да помогне во контролата на гликозата.

Дајте предност на горчливиот вкус

Според Ајурведата, горчливиот вкус е најлековит од сите други вкусови. Се покажа дека горчливата храна како семе од коноп, горчлива диња, амла, ним и алое вера е ефикасна во контролирањето на дијабетисот.

Користете зачини паметно

Постојат многу зачини кои имаат антидијабетични својства. асафоетида, куркума, цимет, кардамом, сенф, коријандер, магдонос, тилчец и чили се одлични сојузници за природно управување со дијабетесот.

Ослободете се од стресот

Кога сте под стрес, вашето тело складира вишок гликоза и маснотии за да можат клетките да ги користат подоцна. Кај луѓето со дијабетес, оваа дополнителна енергија не стигнува до клетките, па глукозата останува во крвта. Јогата и медитацијата се еден од најдобрите начини за намалување на нивото на шеќер во крвта.

Зголемете ја физичката активност

Истражувањата покажуваат дека аеробните јога вежби можат да помогнат во контролата на дијабетисот. Физичката активност поттикнува намалување на нивото на гликоза во крвта, помага во губење на вишокот килограми и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Контролирајте ја вашата тежина

Прекумерната тежина предизвикува отпорност на инсулин, спречувајќи ја работата на хормоните кои го намалуваат нивото на гликоза во крвта. Затоа, нормалната телесна тежина е клучна за луѓето со дијабетес, бидејќи природно помага да се контролираат здравите нивоа на шеќер во крвта.

Обезбедете квалитетен сон

Недостигт на сон го отежнува слабеењето и ја намалува ефикасноста на организмот при користење на инсулин. За да обезбедите здрав и цврст сон, опуштете се пред спиење со медитација, абјанга /ајурведска масажа/ лесно читање, музика или топла бања. Следете ја рутината за спиење – одете во кревет и будете се во исто време секој ден.

Добри резултати се постигнуваат со редовно земање на Нисамлаки.

 

Извор: Атма

 

Органски кардамом во прав 200гр

Органска куркума во прав 200гр

ЈОГА

Кафа

Абјанга

Nisaamlaki

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...