Ајурведа совети за здрава и избалансирана срцева чакра
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  •   Ајурведа совети за здрава и избалансирана срцева чакра

  Ајурведа совети за здрава и избалансирана срцева чакра

by | Jun 30, 2020 | 0 comments

 

Ајурведата вели дека со практикување јога, ајурведска исхрана и редовно користење есенцијални масла може да се одржува во одлична форма Анахата чакрата, што е од есенцијално значење за беспрекорно функционирање на телото.

Срцевата чакра се наоѓа во средишниот дел од телото, помеѓу трите долни и трите горни енергетски центри (чакри). Правилно функционирање на оваа чакра овозможува енергијата непречено да тече низ нашето тело од долу, долните чакри кои не поврзуваат со физичкиот, материалниот свет, па се до горе, горните енергетски чакри кои ни овозможуваат увид, мудрост и врска со универзумот, духовниот свет, божественото.

Анахатата се означува со зелена боја, а самиот збор на санскрит значи недопрен.

Кога сме емотивно повредени, тажни или имаме чуство дека не сме сакани, тогаш природно паѓа енергијата во овој енергетски центар. Но, колку и да сме емотивно повредени и нашето срце е „скршено“, секогаш има дел од нас што останува недопрен и целовит. Никој неможе да ја убие љубовта во нас, во тоа е моќта на анахарата. Оваа енергија најлесно и најбрзо може да се регенерира, да се обнови и да имаш чувство дека леташ. Елемент на оваа чакра е етерот. Овој елемент симболизира прана, животна енергија, симболизира високи чувства и допири.

-И навистина, кога навистина тагуваме, чувствуваме притисок во градите и се чини дека немаме воздух.

-А кога нашата срцева чакра е избалансирана и отворена, ние со задоволство ја изразуваме нашата емоција, чувствуваме среќа, потреба за допир и љубов.

-Ајурведата вели дека желбата за допир, всушност започнува во срцето.

-Ако срцевата чакра е избалансирана, во исто време чувствуваме силна врска со материјалното, физичкото, со мајката земја, но исто така се чувствуваме слободни како птица, полни самодоверба и љубов, лесно простуваме и стануваме сочувствителни.

-Од друга страна, емоционалните проблеми и затворањето од околината укажуваат на нерамнотежа на оваа чакра.

-Синдром на скршено срце укажува дека срцевата чакра е затворена, а се затвара само за да се заштитите од прекумерна болка и страдање.

-Ако постојано се враќаме со мислите во минатото, ако лесно паѓаме во очај, се затвараме кон надвор, ако сме недоверливи, срамежливи, тогаш тоа е сигурен знак дека нашата срцева чакра не е во рамнотежа.

Знаци на нерамнотежа на анахата:

-чувство на тежина и мрачност

-премногу честа жалост

-осаменост и изолација

-недостаток на желба да се допре

-емоционално неисполнување

-недоверба кон другите

-неможност за простување

-прекумерна срамежливост

Кога станува збор за намалување на енергијата во срцевата чакра, тоа делува на физичкото тело и неговите органи (внатрешни и надворешни). Анахарата е поврзана со белите дробови и срцето, што значи веднаш знае да се рефлектира со нарушување на состојбата во овие делови и настануваат болести како:

астма

пневмонија

хроничен бронхитис

болка во рамената и горниот дел од грбот

карцином на белите дробови или дојка

 

Редовното практикување јога, медитација и ајурведски совети многу лесно и брзо го балансираат овој енергетски центар.

 

Онлајн јога часови

 

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...