Ајурведкси трик – домашен сируп кај астма и бронхитис

Древен рецепт кај проблеми со белите дробови, астма, бронхитис, кашлица.

Многу луѓе имаат различни проблеми со белите дробови, од кои најчести се: астма, бронхитис и разни форми на кашлица. Проблемите со белите дробови можат да бидат предизвикани од: инфекции, алергии, пушење, како и разни други состојби,.

Ви споделуваме добро познат лек против овие проблеми, особено астма и пулмонална и срцева мана.

Еве што ви треба за подготовка:

– половина килограм црвен кромид
– половина килограм кафеав шеќер
– 2 лимони и прстофат куркума
– 1,5 литри вода
– 7 лажици органски мед

Загрејте го шеќерот во метален сад, умерено мешајте додека не порумени, додадете го ситно исечканиот кромид, пропржете го кратко и додадете ја водата. Се заедно гответе така што водата врие на умерена температура додека не испари 1/3 од водата.

Потоа оставете да се излади, додадете сок од 2 исцедени лимони, мед и куркума и измешајте сè добро за целосно да се изедначи. Оставете да отстои, а потоа процедете ја смесата и чувајте ја во стаклено шише.

Земајте еднаш до два пати дневно.

Споделете со своите најблиски 🙂

 

Органска куркума во прав 200гр

Written by Ayurveda

November 19, 2020

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...