Ајурведска вежба која ја изцелува душата стара повеќе од 6000 години

Јога вежба која дава сила, енергија и ја менува личноста на подобро

Често се случува кога ќе те прашаат : Што сакаш? …не знаеш што да одговориш. Се будиш наутро
и на ништо не се радуваш? Или ништо не сакаш да работиш, едноставно си без волја? Немаш
сила, потребно е да пронајдеш сила во себе и да се вклучиш во животните текови. Ништо не ти се
прави. Што кога ќе се појават вакви расположенија? Постои една едноставна,а златна вежба која
може да не извади од кал.

Во класичната јога и други практики, постојат вежби насочени кон мобилизирање на внатрешните
резерви на енергија и зајакнување во различни ситуации.
Една од овие вежби е Држење на Месечината, која потекнува од интересна древна вештина.
Оваа златна вежба најдобро се прави на свеж воздух. Носете нешто што не го ограничува
движењето.


Вежбата се изведува на следниов начин:

1. Застанете исправено и исправете го грбот. Потоа полека наведнете напред, опуштајќи ги
мускулите на грбот. Исто така, опуштете ги рацете и спуштете ги така што прстите се малку
под колената.
2. Рацете и нозете треба да бидат исправени. Обидете се да ја допрете брадата до градите
за да го заокружите грбот. Држете го здивот мирен, вдишувај и издишувај смирено и во
ритам. Сето ова го правите мирно и непречено.
3. Потоа полека исправете се, држејќи ги рацете испружени пред вас. Не го прекинувајте
движењето додека рацете не ви бидат над главата. По движењето треба да следи
континуиран здив низ носот.
4. Замислете да држите голема топка во вашите раце. И потоа истегнете го грбот малку
напред. Останете во таа положба и задржете го здивот.
5. Исправете се и спуштете ги рацете настрана, издишувајќи до устата. Пријатно, треперливо
чувство ќе тече низ вашето тело. Замислете дека протокот на внатрешна енергија
отстранува се што е излишно од вашето тело: негативни емоции, болести, токсини и многу
повеќе. Целата нечистотија ве остава и влегува во земјата низ вашите нозе. Во исто
време, ја исполнувате секоја клетка на телото со витална енергија, станувате здрави и
млади.
6. Не мрдајте неколку секунди, за да уживате во пријатно чувство на енергија.
Тоа е целата вежба. Повторете го 10 до 20 пати.

 

ЈОГА

Written by Ayurveda

October 8, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...