Зошто да не го започнеме денот со каша од тиква за појадок?
Кашата од тиква содржи две главни состојки, брашно од тиква и ориз. За да го направиме оброкот
полн со текстура, можеме да додадеме кнедли од оризово брашно. Овој рецепт потекнува од
Индија. Оваа каша го носи името хобајук. Најдобро е да се консумира како закуска или десерт
наутро.
Каша од тиква-хобајук зготвена во ајурведска кујна
Време за подготвување 10 минути
Време за готвење 25 минути
Состојки за кашата
1 парче од тиква
2-3 чаши вода
1/4 чаша брашно од ориз
3 лажици кокосов шеќер
1/2 лажиче сол
1 лажиче куркума
*состојки за оризовите кнедли
1/2 чаша брашно од ориз
1/4 лажиче сол
4 лажици топла вода
УПАТСТВО
-подготвување каша
Излупете ја и исчистете ја тиквата, исечете ја на мали парчиња, ставете 2-3 чаши вода во лонец и
10 минути оставете ја да врие додека не омекне. Додадете го количеството сол и шеќер. Полека
додавате брашно од ориз кој пред тоа го промешуваме со 3 лажици вода во сад. Го истураме во
лонецот со тиква и мешаме полека во еден смер внимавајќи да не се формираат грутки.
-подготовка на кнедли од ориз,
Најпрво измешајте ги брашното и солта и полека прелијте ги со количеството вода. Бидете
внимателни да не се изгорите. Откако ке биде готова смесата, започнете да месите со раце. Го
тркаламе тестото се додека не добиеме компактна содржина. Тестото го сечеме на парчиња,
(околу 30 по број). Ставаме друг лонец со вода која ја оставаме да врие, потоа нежно и
внимателно ги пуштаме топчињата во неа. Тие се готови за 2 минути, односно кога ќе се појават
на површина.
Потоа во готовата каша од тиква ги спуштаме готовите њоки и спремни сме за здрав и вкусен
доручек.
На здравје!
Recent Comments