Ајурведска комбинација за 100 болести – мед, цимет, кардамом и вода

 

Комбинацијата од мед, кардамом и цимет е особено важна за проблеми со срцето. Се препорачува да се
зема секое утро.
Мешавина од мед и цимет ги лекува повеќето болести. Современата медицина го препрачува
медот како ефикасно средство за лекување на многу болести. Модерната медицина вели дека
медот, иако е сладок, може да се земе во одредена доза и во случај на дијабетес.
Третман на артритис
Во една чаша топла вода од 200 милилитри, земете 2 лажици мед и 1 лажица цимет. Пијте ја оваа
смеса наутро и навечер. Редовното внесување лечи дури и хроничен артритис. Неодамнешните
студии од Ајурведскиот универзитет во Делхи открија дека пациенти кои консумирале ваква
комбинација една недела пред појадок, значително им била намалена болката, а по еден месец
од земањето на оваа магична комбинација, тие веќе немале болка.
Третман на лош холестерол
Во голем керамички сад измешајте 2 лажици мед и 3 лажици цимет, а потоа додадете 400
милилитри топла вода. Консумирајте два пати на ден пред појадок и пред ручек во еднакви
количини. Оваа комбинација го намалува нивото на холестерол во крвта за дури 10 проценти во
рок од два часа.
Воспаление на мочен меур
За да го решите постојаното воспаление на мочниот меур и акумулираните бактерии во урината,
прво измешајте 2 лажици цимет со една лажица природен мед и кардамом. Добро измешајте ги, па истурете
во 200 милилитри млака вода. Консумирајте најмалку два пати на ден, наутро и навечер.
Губење на коса
Направете маска за коса од 1 лажица маслиново масло, 1 лажица мед и 1 лажица цимет. Пред да
започнете со миење на косата, нанесете ја оваа смеса на коренот на косата и оставете да отстои
најмалку 15 минути. Потоа исплакнете ја косата со млака вода.
Инфекција на кожа и акни
Измешајте 1 лажица маслиново масло, 1 лажица мед, цимет и кардамом, а потоа нанесете ја оваа
паста како маска на кожата. Ако имате проблем со акни, измешајте три лажици мед и една лажица
цимет. Оставете да отстои, потоа нежно протријте го лицето и на крај измијте со млака вода. По
две недели, акните целосно ќе исчезнат.
Превенција од грип
Ставете една третина од лажичка цимет во чаша со 200 милилитри врела вода, додадете мед и
неколку зрна црн пипер. Почекајте да се излади и пијте полека во голтки. Ова ќе го зајакне вашето
тело и ќе го направи отпорно на вируси и бактерии.
Кардиоваскуларни заболувања
Мешавина од мед и цимет има позитивен ефект врз состојбата на крвните садови. Ги зајакнува
sидовите на крвните садови и ја зголемува нивната еластичност. Но, најважно од се е што оваа
мешавина го намалува нивото на холестерол, што може значително да ја подобри состојбата на
кардиоваскуларниот систем и одлична превенција за срцеви и мозочни удари. За намалување на
холестерол потребно е да измешате 1 лажица мед и половина лажичка цимет и кардамом со 2 чаши топла
вода. Земете 3 пати на ден.

 

Органски кардамом во прав 200гр

Written by Ayurveda

September 17, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски пијалок за подобро варење во студените денови

Ајурведски пијалок за подобро варење во студените денови

🔥 Ајурведски #агни /дигестивен оган/ пијалок за есен 🔥 🍁Како што времето почнува да станува се поладно, а деновите стануваат пократки, наидуваме на многу луѓе кои велат: 🔸️Изгубиле мотивација 🔸️Губат енергија 🔸️Без ентузијазам да се стори било што 🔸️Зголемена...

Ајурведски дал за студените денови

Ајурведски дал за студените денови

  Загрејте 2 лажици Ги масло на средна температура и пропржете кромид. Потребно е: 1 чешне ситно исецкан лук свеж изрендан ѓумбир /по желба/ 1 лажица кари или куркума 1/4 лажичка црн пипер Додадете 200гр. црвена леќа или претходно сварен грав. Додадете: свеж...

Можеме ли да направиме ајурведска масажа со масло на новороденче после една недела?

Можеме ли да направиме ајурведска масажа со масло на новороденче после една недела?

Секако дека ДА. но пред апликација треба да проверите да не се создаде алергија на маслото кое го користите. Ова е причината при која советуваме тестови за алергија на масла, пред да нанесете масло кај децата. Треба да бидеме многу внимателни. За да се изврши...