Ајурведска листа на чудесните придобивки од лимон

 

Употребата на лимони е разновидна и кога ќе ја прочитате оваа листа за користа која ја добиваме
од лимонот, ќе сакате секогаш да имате лимони во вашата кујна.
Здравствени придобивки:

Одржува нормален крвен притисок
Лимонот содржи калиум кој може да помогне во контролирање на крвниот притисок и олеснување
на гадењето кое се појавува при зголемен притисок

Позитивно влијае на менталното здравје

Лимоновата вода може да го подобри расположението и да ги ублажи симптомите на депресија и
стрес. Лимонот брзо освежува и доаѓа до наплив на енергија.

Помага кај проблеми со дишењето
Лимонот го разредува слузот кој настанува кога имаме кашлица, помага за полесно да дишете и
се препорачува да го земаат луѓе кои страдаат од астма

Ублажува симптоми на артритис и ревматизам
Лимонот е диуретик, што значи дека го стимулира производството на урина и на тој начин помага
во намалување на воспаленија со исфрлање на токсини и бактерии, а истовремено ги ублажува
симптомите на артритис и ревматизам.

Спречува појава на камења во бубрезите
Зголемено дневно консумирање вода од лимон или лимон, го стимулира производството на
уринарни цитрати (хемиски соединенија) кои помагаат да се спречи појава на камења во
бубрезите.

Спречува предвремени знаци на стареење
Лимонот го намалува производството на слободни радикали, одговорни за стареењето на кожата
и оштетувањето на кожата. Лимоновата вода не содржи калории и има одлични антиоксидантни
својства.

Заштита од инфекции
Благодарение на антибактериските својства, водата со лимон може да ги победи инфекциите во
грлото. Ако гаргара со солена вода не е нешто што го сакате, обидете се со гаргара вода со
лимон.

Затоа, секое утро по будењето во голема чаша топла вода додадете половина лимон и веднаш испијте го.

Лимон во домашна употреба:
Миење овошје и зеленчук
Никогаш не можете да знаете какви видови пестициди и нечистотија може да се најдат на
омиленото овошје и зеленчук. Исцедете една лажица лимон во шише со спреј и измешајте со
вода. Посипете овошје и зеленчук со него. Сокот од лимон е природно средство за дезинфекција,
а овошјето и зеленчукот исто така ќе имаат пријатен мирис.

Ја враќа природна боја на зеленчукот
Карфиолот, на пример, брзо ја губи својата природна боја дури и со најмал термички третман. Ако
сакате карфиолот да ја задржи својата природна боја, исцедете една лажичка сок од лимон врз
цветот на карфиолот пред да готвите, и природната боја че биде вратена а карфиолот ќе биде
уште повкусен и освежителен.

Чистење на кујнски работни површини
Ако работните површини имаат непријатен мирис поради често сечење кромид или подготовка на
риба и други производи кои оставаат јаки миризби, само сок од половина лимон истурете и со
крпа поминете ја површината. Веднаш ќе се освежи и ќе замириса убаво целата кујна.

Стоп на инсекти
Не мора да користите инсектициди за да ги задржите инсектите подалеку од вашата кујна.
Едноставно премачкајте ја кујната или оставата со лимон.
*Прво, премачкајте ги рачките на вратите и прозорецот, а потоа исцедете го сокот од лимон во
секој дел од кујната каде што забележувате натрупување инсекти. Наредете тенки парчиња лимон
во внатрешноста на кујната за да спречите доаѓање инсекти.
*Измешајте сок од 4 лимони со 2 литри вода и измијте го подот со него. Инсектите не толерираат
мирис на лимон.

Отстранување на напријатен мирис во фрижидер
Најпрво извадете од фрижидерот сè што е со сомнителен рок на траење и што може да
предизвика непријатен мирис. Потоа ставете во мала здела сок од лимон и ставете го во
фрижидер неколку часа. За многу кратко време добивате освежителен мирис во фрижидерот.

Уште помоќни резултати се постигнуваат со користење на есенцијално масло од лимон.

 

Ајурведско органско есенцијално масло – лимон

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...