Ајурведска печена хељда со кељ

Ајурведска печена хељда со кељ

by | Aug 20, 2021 | 0 comments

Потребно е малку повеќе напор и време да се подготви ова јадење, но не заборавајте да го
пробате -одлично е, неодоливо!

Состојки:
200 гр хељда во зрно
15 лисја од кељ
1 гранче рузмарин
200 гр рендан пармезан
интегрални трошки од леб
бешамел

Подготовка:
Измијте ја хељдата, исцедете ја и исушете ја. На кратко пржете ја, додадете вода (сооднос 2
спрема 1) и гранче рузмарин, покријте го тенџерето и варете ја хељдата на тивок оган околу 20
минути.
Сварената хељда зачинете ја по желба.
Исчистете ги и измијте ги листовите зелка, варете ги кратко и исцедете ги добро.

Намастете ја тавата и посипете ја со трошки од леб.
Наредете ред кељ, а потоа ред хељда,

Подгответе бешамел: ставете на оган сад со неколку лажици ги масло и додадете 3-4 лажици
пченично брашно. Испржете го брашното кратко. Внимателно мешајќи, додадете вода или
зеленчук, додека не добиете густа смеса.
Зачинете го бешамелот со малку мајчина душица, неколку лажички рендан пармезан и малку сол.
Истурете го бешамелот во подредената смеса на хељда и кељ. Печете ја смесата во рерна околу
15 минути на умерен оган. Последните 5 минути зголемете ја топлината за да ја фатите кората на
површината.
Оставете ја во рерна, да грее уште пет минути.

Послужете топло, на здравје нека е!

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...