Оваа мешавина на јачменова вода е за луѓе кои имаат слаб агни (намалено варење). Многу лесно се апсорбира
и го храни масното ткиво што пак создава добро коскеното ткиво.
• 2 лажици грубо мелен јачмен или јачменово брашно
• 2 прстофата хималајска сол
• 4 чаши вода
Измешајте ги сите состојки и варете околу 15 минути за да биде добро сварено.
Земете филтер или цедилка за да ја исцедите јачменовата вода. Ако користите грубо мелен јачмен
наместо брашно, ќе мора да ја блендирате смесата неколку минути пред да ја исцедите.
• За типовите на Вата доша: додадете 1/8 лажиче ким во јачменот додека готвите.
• За Пита тип на тело: додадете 1/8 лажиче анасон во јачмен додека готвите.
• За Кафа тип на тело: додадете 2 тенки парчиња свеж ѓумбир во јачмен додека готвите.
Recent Comments