Ајурведските колачиња на Дедо Мраз

 

Ви го подаруваме оригиналениот рецепт за чоколадни #ги колачиња што може да го прилагодите
според вашите желби. Основата за колачињата е секогаш иста, а се состои од ги масло, шеќер,
јајца и брашно. Покрај ореви, можете да додадете и суво овошје (брусница, кајсии, суво грозје,
кардемом, ). Важно е да се следи основата на рецептот, а состојките се прашање на избор и вкус.
Состојки:
– 225 гр ги путер;
– 200 гр жолт шеќер;
– 220 гр кафеав шеќер;
– 2 јајца;
– 2 лажички екстракт од ванила, цимет и кардамом;
– 375 гр интегрално брашно;
– една лажичка сода бикарбона;
– половина лажичка сол;
– 350 гр парчиња чоколадо;
– 125 гр сецкани ореви.
Подготовка: Загрејте ја рерната на 170С.Во садот со ги путерот додадете жолт и кафеав шеќер.
Мешајте со миксер додека масата не се изедначи. Потоа додавајте по едно јајце, и мешајте
повторно со миксер. Додадете екстракт од ванила или ванилин шекер. Во посебен сад измешајте
сода бикарбона со две лажици топла вода и додајте ја во смесата. Додадете половина лажичка
сол. Сето тоа измешајте го со миксер, па додадете го брашното и зачините, мешајќи го со лажица. На крај
додадете ги чоколадните парчиња и оревите.
Масата што ја добивте изгледа како лепливо тесто, но тоа не треба да ве плаши. Поставете плех
со мрсна хартија за печење и врз него ставете го тестото со лажица. Оставете доволно простор
помеѓу колачињата (5-7 см) бидејќи тие ќе растат и ќе се шират за време на печењето. Нема
потреба да ги обликувате колачињата со раце, а формата на тестото на плехот за печење не
треба да ве загрижува. Печете 10-12 минути (не подолго) или додека рабовите на колачињата не
станат златни. Пожелно е да ги ладите колачињата на решеткаста површина, така што тие ќе
бидат крцкави однадвор и меки одвнатре. Уживајте во вистински, најстари новогодишни колачиња
на Дедо Мраз чаша зимски чај со цимет.

Среќни Празници!

 

Органски кардамом во прав 200гр

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??...

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

  Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш. Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе...

Кафа доша и справување со стресот

Кафа доша и справување со стресот

Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова...