Ајурведски домашни трикови од др.Авишек

Ајурведски трикови кои даваат неверојатен ефект врз телото!

Човечкото тело е многу мистериозен и неверојатен систем. Постојат некои древни трикови за
контрола врз организмот кои се едноставно зачудувачки.
Еве некои од нив:
✓ Непријатност во грло
Освен да пиете топол чај и да го плакнете грлото со солена вода, постои уште еден помалку
познат начин да се ослободите од непријатноста во грлото. А тоа е еден неверојатен трик – само
треба да си го почешате увото! Ајурведските доктори тврдат дека чешањето на увото ги
стимулира краевите на ушната обвивка и марма точките, создавајќи мускулен спазам во грлото.
✓ Смирете ги нервите
Ако вашите нерви се на работ и треба веднаш да се смирите, едноставно измијте се со многу
студена вода. Кога ќе го плиснете лицето со ладен млаз вода,природно ќе ви дојде да го задржите
здивот за кратко и веднаш ќе настане “ладење” на нервните рецептори. Телото почнува да прима
кислород, а вашиот нервен систем се смирува. Чаша ладна вода има приближно ист ефект.
✓ Страв од инекција
На некои луѓе им е тешко да соберат храброст да примат инекција. ЗАПОМНЕТЕ пред
медицинската сестра да ви даде инекција, кашлајте малку – ова ќе помогне да се одвлече
вниманието од болната процедура. Сепак, предупредете го лицето што ви дава инекција за
вашата намерно изведена кашлица.
✓Затнат нос
Ако имате затнат нос насочете го јазикот кон непцето и притиснете го делот над веѓите со
прстите. За 20-тина секунди, ќе се чувствувате многу подобро. Нанесете насја масло.
✓Спречете лузни од изгореници
Ако сте изгорени, не брзајте да нанесувате ладни облоги, направете го ова – лесно притиснете ги прстите на
изгореното место. На тој начин, температурата на тој дел од телото побавно ќе се врати на
нормалната телесна температура.
✓ Забоболка
Овој трик ќе биде корисен за сите кои имаат чувствителни заби. Ако чувствувате растечка
забоболка, ставете вреќичка мраз на дланката, а потоа преместете ја на испакнатоста помеѓу палецот
и показалецот. Нервните завршетоци и марма точката на раката и на лицето минуваат таму. Тие испраќаат
соодветен сигнал до мозокот, со што болката за многу кратко време ќе се намали.
✓ Немир
Позната ситуација: мора да одите на деловен или приватен состанок, да се облечете, да се
подготвите и започнува чудно чувство на немир, нервоза во стомакот и мало срце биење.
Звучи чудно, но за да се смирите и да се вратите во нормала – обидете се да дувате во
сопствениот палец, бидејќи тој е одговорен за таканаречениот вагус нервус, што е буквално
врската помеѓу телото и умот и е одговорен за нашиот немир во телото.

 

 

Органско ајурведско масло за нос

Written by Ayurveda

September 14, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска комбинација за 100 болести – мед, цимет, кардамом и вода

Ајурведска комбинација за 100 болести – мед, цимет, кардамом и вода

  Комбинацијата од мед, кардамом и цимет е особено важна за проблеми со срцето. Се препорачува да се зема секое утро. Мешавина од мед и цимет ги лекува повеќето болести. Современата медицина го препрачува медот како ефикасно средство за лекување на многу...

Лимон, сол и црн пипер – аурведска тројка за многу проблеми

Лимон, сол и црн пипер – аурведска тројка за многу проблеми

Црн пипер, сол и лимон - одлична комбинација пред се која се употребува во подготовка на салата, нели? Но дали знаевте дека оваа комбинација е лековита? Особено пипали - црниот пипер кој се користи многу повеќе во...

Ајурведата препорачува само 60 минути на ден физичка активност

Ајурведата препорачува само 60 минути на ден физичка активност

*60 минути пешачење секој ден – за два месеци се губат пет килограми* Докажано е дека пешачењето, односно брзо одење може да помогне во губење на вишокот килограми и подобрување на физичкото и менталното здравје. Замислете- само неколку илјади чекори дневно можат...