Ајурведски посни солени кифлички ала 21-10
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски посни солени кифлички ала 21-10

Ајурведски посни солени кифлички ала 21-10

by | Dec 10, 2021 | 0 comments

Потребен материјал:
200гр исчистен кељ (блитва, спанаќ)
250 гр ориз басмати
400 гр праз
180 гр конзервирана туна или хељда /претходно искината 24 часа/
4 лажици Ги масло
шарена пиперка
лук во гранули
500 гр кора за пита
Подготовка: Потопете го оризот во ладна вода и оставете го да отстои 30 минути. Загрејте околу 800 мл вода да зоврие, па ставете го исцедениот ориз и варете го 15 минути, тргнете го од оган и исцедете го. На Ги масло пропржете сечкан праз и кога малку ќе омекне додадете сечкан кељ. Пржете околу 5 минути, а потоа додадете ја туната или нејзината замена и убаво промешајте. Зачинете по вкус и подготвениот фил тргнете го од оган. На работната маса ставете две кори за пита, една преку друга, а потоа на едниот крај намачкајте две полни лажици ориз по целата должина, па околу 3 лажици фил врз оризот и завиткајте во ролат. Постапката повторете ја додека не се потроши целиот материјал. Во зависност од дебелината на кората и бројот на пакувања во пакувањето излегуваат околу 6 ролати. Во плех подмачкан со Ги масло наредете ги ролатите и посипете ги со мешавина од Ги масло и вода. Се пече во загреана рерна на 200С околу 45 минути.
Добар апетит 🙂
.

Пречистен путер Ги (Ghee)

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...