Ајурведски рецепт за прочистување на белите дробови
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски рецепт за прочистување на белите дробови

Ајурведски рецепт за прочистување на белите дробови

by | Jul 13, 2021 | 0 comments

Прочисти ги белите дробови на природен начин
Домашен рецепт кој го намалува бронхитисот и слузта во белите дробови
Кралпт на зеленчукот, морковот, е малку калоричен и богат со каротеноиди, кој се претвора во активна форма на витамин А во организмот. Поради изобилството на каротеноиди или витамин А, кој е важен за здравјето на очите, морковот традиционално е познат како храна за видот, но исто така е одличен и за зајакнување на имунитетот, и ја подобрува работата на уринарниот и дигестивниот тракт. Исто така, во голема мера придонесува за добро здравје на белите дробови, затоа е мелем за респираторни проблеми – помага при настинки, кашлање, бронхитис и астма. Ова е испробан и тестиран рецепт за чистење на белите дробови од слуз со моркови.
Инструкции за подготвување на рецептот
Подгответе:
1/2 кг моркови, 4 лажици мед и 1 лажица кардамом. Излупете ги морковите и исечете ги на парчиња. Ставете во сад и додадете доволно вода за да го покриете зеленчукот. Се вари кратко додека морковите не омекнат. Извадете го од водата и обработете го со миксер или пасерка. Оставете водата во која се готвел морковот да се излади, а потоа додадете мед, кардамом и измешајте сè со пирето од морков.
Како да го земете: земете во количина од 3 до 4 лажички на ден со голема количина на вода..
https://ayurveda.mk/product/organski-kardamom-vo-prav/
Фото: Фрипик

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...