Ајурведски сок од компир и неговите придобивки

Здравствени придобивки

Сокот од компир е природен лек кој може да го подобри здравјето на дигестивниот систем и ублажување на болести како што се: запек, дијареја и киселини. Сокот од компир го намалува нивото на киселина во стомакот. Ајурведата не го препорачува компирот во исхраната, но сокот во исцелителни цели го препорачува. Многу едноставно е да се ​​направи сок од компир, треба да ги излупат компирите, измијте ги и исушете. Исто така, никогаш не користете компири кои се презреани и имаат мали црни точки, секогаш треба да ги отстраните целосно. Не користете ги бидејќи може да содржат токсични соединенија што можат да му наштетат на вашето здравје. Бидејќи сокот од компир не е особено вкусен, можете да додадете некое друго овошје или зеленчук. Најдобро е да користите суров компир затоа што тогаш тие ги содржат сите хранливи материи, кои може да се изгубат при термичка обработка. Можете да измешате сок од компир со лимон, магдонос, краставица, моркови, целер, цвекло или јаболко. Тие ќе го подобрат вкусот на компирот и ќе ви дадат дополнителни здравствени придобивки. Компирот лесно се вари, па затоа е одличен за секого, без оглед на возраста. Компирот е одличен извор на железо и фолна киселина кои се клучни во производството на црвени крвни клетки. Поради оваа причина, сокот од компир може да се користи како ефикасна превенција или третман на разни форми на анемија.

Кај артритис: компирите се богат извор на минерали, калиум и органски соли кои му даваат одлични антиинфламаторни својства. Исечете парче компир, заедно со кората и натопете во чаша вода, и пијте наутро пред јадење.

Кожа: ја олеснува иритацијата, изгореници, осип, црвенило или чешање. Можете да нанесете компири на кожата, исечена на парчиња или како сок. Ефектот ќе биде ист.

Запек и хемороиди: варениот компир ќе ви ја омекне столицата и ќе ја стимулира работата на цревата. Одличен е за ублажување на запекот, спречува хемороиди и прекумерно нервозни црева.

Гастритис: сокот од компир најчесто се користи за ублажување кај симптомите на гастритис, бидејќи ефикасно го намалува нивото на киселина во желудникот. Ако страдате од гастритис, пијте половина чаша сок од компир, 3 до 4 пати на ден еден месец.

Висок крвен притисок: компирот е одличен извор на калиум кој помага во намалување и регулирање на високиот крвен притисок. Калиумот исто така ќе го намали ризикот од таложење на плаки во крвните садови.

Болки во зглобовите: сокот од сиров компир е одличен за ублажување на болките во зглобовите, главоболките и болките предизвикани од артритис.

Уморни очи: сировиот компир е одлично решение за уморни очи. Ставете парчиња компир на очите најмалку 2 пати на ден. Тие ќе бидат одморени, темните кругови под очите и видливоста на темните дамки ќе се намали.

Губење на тежина: мит е дека компирот дебелее. Имено, компирот често се подготвува во масло што предизвикува зголемување на телесната тежина. Компирите не содржат многу калории и се одлични за слабеење. Најдобро е да го јадете варен и зачинет со свежи билки.

 

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...