Дали jа знаете моќта на правилното дишење?
Дишењето е најважната – споредна работа во животот.
Правете вежби за дишење секој ден
Самиот факт дека животот започнува со вдишување и завршува со издишување објаснува колку е важно дишењето, Ова е начин инстант да го подобрите целокупното здравје, да се чувствувате посреќно и поудобно во вашето тело. Пранајама се смета за најважен јогиски метод за прочистување и подигнување на свеста со кој постигнуваме целосна контрола на здивот. Умот станува помирен, порелаксиран и појасен, целото тело се напојува со кислород и прана со правилно и контролирано дишење.
Во неколку циклуси ќе ви предложиме неколку различни видови пранајами од нашите сертифицирани јога инструктори кои можете лесно да ги изведувате дома, по можност наутро, на празен стомак, пред да одите на работа или пред да извршувате дневни активности затоа што тогаш умот е најмирен, што дава дополнителна концентрација. Дополнително позитивно влијание ќе имате доколку истата ја изведувате во период од 6 до 10 часот наутро, кога преовладува Кафа доша.
Доволно е да одвоите околу 20 минути секој ден, и сигурно многу брзо ќе ги почувствувате придобивките од секојдневните вежби за дишење.
Во секоја вежба, седете во лотос, полу-лотос или позиција што е пријатна за вас, но ‘рбетот мора да биде целосно исправен. Дланките се на колена, завртени нагоре (маха мудра), очите се затворени или погледот е спуштен кон носот.
Уџаи пранајама
Ако сте почетник со пранајама или само што сте решиле да ја вклучите во вашата секојдневна јога пракса, можеби е најдобро да започнете со Уџаи пранајама. Секој што практикува јога знае дека правилното дишење е многу важен сегмент додека практикувате јога.
Нè загрева, дава сила и звучи како шум од бран, или го нарекуваат победнички здив. Дишете низ носот полека нежно затегнување во пределот на епиглотисот /грлото/, потенцирајќи го движењето на дијафрагмата, белите дробови и рамениците.
Додека дишете можете да визуелизирате тенка црвена линија што ја цртате по целиот ‘рбет. Важно е да го набљудувате секое вдишување и издишување, со тоа што издишувањето трае малку подолго. Направете најмалку 15 вдишувања и издишувања.
Научете правилно да дишете на следната работилница Програма на среќата или редовните јога часови
Recent Comments