Куркума и мед – древен ајурведски антибиотик, моќен природен заштитник на организмот

Куркумата и медот во комбинација го стимулираат одбранбениот механизам, го зајакнуваат имунитетот, штитат од болести и се корисни сојузници кај респираторните инфекции.

Куркумата и медот како лек во комбинација претставуваат моќен природен антибиотик, со својот ајурведски прекар – „Златен мед“. Куркумата има антиинфламаторно, антиоксидативно и имуностимулирачко својство. Медот е многу добро познат како природен засладувач, но и како храна што го зајакнува имунитетот. Куркумата и медот за имунитет во комбинација со лековити билки имаат силно влијание врз нашето тело, тие лекуваат и спречуваат настинки.

Куркумата и медот како лек во комбинација прават природен антибиотик и не ја оштетуваат цревната флора. Напротив, тие придонесуваат за подобра функција на дебелото црево, ја зголемува активноста на корисната флора во цревата.

Најдобро од сè е што медот и куркумата се лесно достапни и нивната мешавина е лесна за подготовка и има добар вкус. За да го подготвите овој рецепт, потребна ви е една лажица куркума и 100 грама оргнаски мед. Измешајте една лажица куркума во прав во 100 гр мед и ставете ја во тегла. Користете дрвена лажица затоа што медот лошо реагира на металот.

Можете да користите мешавина од куркума и мед за да спречите настинка, но и за ублажување и лекување на симптомите. Можете исто така да ја мешате мешавината во млеко или чај.

Во случај на појава на настинка или вирусно заболување, користете „златен мед“ на следниот начин:

првиот ден – половина лажичка на час;

втор ден – половина лажичка, на секои два часа;

трет ден – половина лажичка, три до четири пати на ден.

Добри резултати се постигнува доколку користите од нашиот органски шафранов мед.

Во случај да чувствувате голема настинка или вирус добро е оовој златен мед да го комбинирате со редовно земање на Амла и Амрут.

 

Органска куркума во прав 200гр

Amla

Amruth