Ајурведски трик – избори се со стресот на ајурведски начин
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – избори се со стресот на ајурведски начин

Ајурведски трик – избори се со стресот на ајурведски начин

by | Nov 22, 2020 | 0 comments

Многу од нас страдаат од проблеми поврзани со стресот, како што се несоница, анксиозност, исцрпеност и нарушувања на дигестивниот систем. Според Ајурведата, најстариот холистички здравствен систем во светот, стресот е она што се случува секогаш кога ќе нема да се усогласиме со циклусите на природата.

Ослободување од стрес во голема мера е прашање на себеусогласување со природата и живеeњето во хармонија и со нејзините дневни ритами. Во Ајурведата, секојдневните практики за грижа за себе си се нарекува динахарија, што значи „да се следи ритамот на денот“.

Три од најмоќните практики за ослободување од стрес од стилот на живот во Ајурведа кои навистина им помогнале на многумина и ја трансформирале вознемиреноста е древната јога вежба брамари или т.н.зуењето од пчела.

Лесно опуштање на вознемиреноста со вежбата за дишење – зуење на пчела

Зуечката пчела е моќен холистички лек за телото и умот. Смирува немир, фрустрација и вознемиреност. Тој му дава на нервниот систем поголема сила и стабилност и е од голема корист при срцеви нарушувања и запушени артерии. Помага при срцеви заболувања, висок крвен притисок, парализа, главоболки од мигрена и хемороиди (се смета за состојба предизвикана од стрес во Ајурведата). Како што е случај со сите позиции во јогата и вежбите за дишење, овие придобивки ќе се зголемат повеќе доколку ги следите препораките за диета и начин на живот во Ајурведа согласно вашата доша.

Звукот создаден при вежбата зуење на пчелата поврзува со вистинската, мирна природа, давајќи непосредна самодоверба и при ослободување од песимизмот. Ја намалува менталната пасивност и стресот и доведува до зголемена рамнотежа и оптимизам.

Оваа вежба за дишење ја практикуваме секое утро, а оние кои ја практикуваат веднаш го чувствуваат нејзиното позитивно, моќно влијание. Зуењето на пчела е исклучително корисно при креативно работење и учење. Природно води кон медитација.

Како да ја направите вежбата за дишење зуење на пчела

Најдобро е да го практикувате ова е во утринските часови или во текот на ноќта (за да ви помогне да спиете подобро), или во секое време кога умот е во состојба на стрес или анксиозност или кога че посакате. Уживајте во исфрлањето на стрес, вознемиреност и фрустрации.

Седнете удобно, со исправен грб.

Поставете ги отворените дланки на колената завртени нагоре во маха мудра. Чувајте ги очите затворени и дишете полека и длабоко. Самото ова ќе го смири вашиот ум од вознемиреност и стрес.

По две-три минути двата показалци ставете ги на малиот и мек дел на увото, вибрирајќи заедно со звукот Мммммм.

Држете ја устата затворена. Вдишете длабоко.

Полека издишете низ нос, правејќи вибрација или зуење со грлото (звучи како ММММММ). Ова прави еден круг.

Направете уште два круга, повторувајќи ги чекорите од 2 до 5 секој пат. Како што стекнувате поголема сигурност со оваа практика, постепено зголемувајте на 10 до 30 повторувања. Престанете во секое време ако се појави слаба вртоглавица или блага главоболка, кои се показател за неправилните состојби во телото. Колку поредовно ја изведувате оваа вежба сензациите ќе бида се поретки.

Потоа останете неколку минути во медитација.

Научете правилно да ги изведувате овие вежби на нашите јога часови.

Добри резултати се постигнува кога се комбинира со Ашваганда

 

ЈОГА

Ashwagandha

 

.

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...