Ајурведски трик – како да го подобрите помнењето

Нарушувањата на меморијата често се резултат на несоодветно снабдување на мозокот со хранливи материи. Меморијата често ослабува со возраста. Алкохолот ги уништува мозочните клетки и затоа губењето на меморијата е многу честа појава кај алкохоличарите. Покрај злоупотребата со алкохол, супстанците како ЛСД, марихуана и кокаин можат да предизвикаат нарушувања на меморијата, што може да го оштети мозочното ткиво и да влијае на меморијата.
Според Ајурведата, повеќето нарушувања на меморијата се предизвикани или од стагнација на Кафа дошата (енергија на вода во телото) или од дизбаланс на Вата  доша (енергија на воздухот), затоа, за да се подобри меморијата, потребно е да се намалат или балансираат вата и кафа дошата. Што се однесува до Пита доша (енергијата на огнот во телото), таа е остра и продорна, поттикнува добра меморија.
Следните упатства ќе ви помогнат да ја подобрите вашата меморија и да се ослободите од заборавот.
Нутриционистичка препорака
– Морковот е добар за помнењето. Ја зголемува енергијата на огнот во телото, дава јасност и острина во процесот на меморијата, а исто така поттикнува хематопоеза. Од време на време пијте сок од морков и репка.
-Овошје. Постот од три до пет дена само на овошје, со дневно внесување на трифала (ајурведски суплемент) пред спиење (1/2 кафена лажичка, да отстои 5-10 минути во чаша топла вода), ќе ја подобри состојбата на нервниот систем и меморијата.

ЗАБЕЛЕШКА; Оваа диета е контраиндицирана кај пациенти со тенденција на хипогликемија.
Што и каде се препорачува:
Со вата (енергија на воздухот во телото) конституција – папаја, сливи, манго
Со пита (енергија на оган во телото) конституција – грозје, калинка, јаболка
За кафа (енергија на вода во телото) конституција – јаболка, калинки, брусница
Други видови храна: слатки компири, спанаќ, свежо овошје и зеленчук, бадеми, портокали, ги (стопен путер), млеко помагаат во подобрувањето на меморијата.

Добри резултати с епостигнуваат кога ова се комбинира со редовно земање Брами.

Органска трифала во прав 200гр

Brahmi

Кафа

Вата

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??...

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

  Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш. Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе...

Кафа доша и справување со стресот

Кафа доша и справување со стресот

Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова...