Ајурведски трик – лесно подобри ја меморијата и вибрациите

Дали jа знаете моќта на правилното дишење?

Дишењето е најважната – споредна работа во животот.

Правете вежби за дишење секој ден

Самиот факт дека животот започнува со вдишување и завршува со издишување објаснува колку е важно дишењето, Ова е начин инстант да го подобрите целокупното здравје, да се чувствувате посреќно и поудобно во вашето тело. Пранајама се смета за најважен јогиски метод за прочистување и подигнување на свеста со кој постигнуваме целосна контрола на здивот. Умот станува помирен, порелаксиран и појасен, целото тело се напојува со кислород и прана со правилно и контролирано дишење.

Во неколку циклуси ќе ви предложиме неколку различни видови пранајами од нашите сертифицирани јога инструктори кои можете лесно да ги изведувате дома, по можност наутро, на празен стомак, пред да одите на работа или пред да извршувате дневни активности затоа што тогаш умот е најмирен, што дава дополнителна концентрација. Дополнително позитивно влијание ќе имате доколку истата ја изведувате во период од 6 до 10 часот наутро, кога преовладува Кафа доша.

Доволно е да одвоите околу 20 минути секој ден, и сигурно многу брзо ќе ги почувствувате придобивките од секојдневните вежби за дишење.

Во секоја вежба, седете во лотос, полу-лотос или позиција што е пријатна за вас, но ‘рбетот мора да биде целосно исправен. Дланките се на колена, завртени нагоре (маха мудра), очите се затворени или погледот е спуштен кон носот.

Брамари пранајама

Исто така познато како зуење на бумбар, името се однесува на звукот произведен при издишување. Оваа пранајама инстант ќе ве развесели и забавува, ја смирува вознемиреноста и релаксира. Помага за чист говор, го регулира крвниот притисок, ја подобрува меморијата и концентрацијата.

Лесно го насочува вниманието навнатре, а вибрациите на звукот се многу смирувачки за целиот нервен систем. Се изведува со затворање на ушите со показалецот по вдишување и нежно изговарање на долг мммммм звук со издишување. Повторете ја вежбата 10 до 20 пати.

 

Научете правилно да дишете на следната работилница Програма на среќата или редовните јога часови

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??...

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

  Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш. Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе...

Кафа доша и справување со стресот

Кафа доша и справување со стресот

Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова...