Со векови, во ајурведата медот се користи за нега на коса и кожа. Клеопатра била позната по тоа што се капела во мед и млеко, а сопругата на римскиот освојувач Нерон, користела лосион со мед и млеко за лицето за да го задржи младешкиот изглед. Дури и пред козметиката да започне широко да се произведува кон крајот на 1800-тите, медот бил популарна состојка
Природниот мед е ефикасен и при третмани за помали гребнатинки и изгореници. Ефикасен е и како антимикробен агенс. Медот ја чисти кожата, и ја дава потребната влага, ја лекува, ја храни и ја штити од бактериски инфекции.
Може да се каже дека медот во козметиката е ист како и во кујната. Не само што е вкусен туку и влијае на доброто расположение, а има и поволно влијание врз нашиот тен. Затоа е нeрискинлив дел од нашите природни ајурведски средства за нега на телото.
Ако барате природени решенија за: свеж, сјаен тен и негувана кожа, еве неколку предлози.

Сè што ви треба е добар, органски /шафранов/ мед.
Дерматолозите велат дека медот прави чуда на кожата благодарение на неговите антибактериски својства и високата содржина на антиоксиданти.
Медот е природен антибактериски агенс, го забрзува повлекувањето на мозолчињата, богат е со антиоксиданси, затоа ги забавува првите знаци на стареење, ја хидрира и ја смирува кожата, така што тенот станува свеж и сјаен, и ги отвора порите и полесно се чистат.

Маска за лице

Една од наједноставните препораки – нанесете тенок слој /по можност шафранов мед кој можете да го најдете кај нас/ со кружни движења на влажно лице и оставете го да отстои половина час. Потоа исплакнете го нежно со млака вода. Веднаш ќе забележите дека е лесно да се нанесе, полесно отколку да се купат скапи хемиски маски за лице, оставајќи ја кожата мека и хидрирана.
Брзо ќе ја осветли кожата без да ја оштети.

По овој третман се препорачува негата да продолжи со некои од нашите путери за нега на лице и тело.

 

МАСЛА

Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп