Дали jа знаете моќта на правилното дишење?
Дишењето е најважната – споредна работа во животот.
Правете вежби за дишење секој ден
Самиот факт дека животот започнува со вдишување и завршува со издишување објаснува колку е важно дишењето, Ова е начин инстант да го подобрите целокупното здравје, да се чувствувате посреќно и поудобно во вашето тело. Пранајама се смета за најважен јогиски метод за прочистување и подигнување на свеста со кој постигнуваме целосна контрола на здивот. Умот станува помирен, порелаксиран и појасен, целото тело се напојува со кислород и прана со правилно и контролирано дишење.
Во неколку циклуси ќе ви предложиме неколку различни видови пранајами од нашите сертифицирани јога инструктори кои можете лесно да ги изведувате дома, по можност наутро, на празен стомак, пред да одите на работа или пред да извршувате дневни активности затоа што тогаш умот е најмирен, што дава дополнителна концентрација. Дополнително позитивно влијание ќе имате доколку истата ја изведувате во период од 6 до 10 часот наутро, кога преовладува Кафа доша.
Доволно е да одвоите околу 20 минути секој ден, и сигурно многу брзо ќе ги почувствувате придобивките од секојдневните вежби за дишење.
Во секоја вежба, седете во лотос, полу-лотос или позиција што е пријатна за вас, но ‘рбетот мора да биде целосно исправен. Дланките се на колена, завртени нагоре (маха мудра), очите се затворени или погледот е спуштен кон носот.
Капалабати пранајама
Оваа вежба за дишење во превод значи „полирање на черепот“, што значи дека Капалабати дава јасност и фокусираност. Покрај тоа, Капалабхати ги чисти синусите, ја отстранува вишокот слуз и исфрла застоен воздух од стомакот.
Акцентот е ставен на активно и силно издишување со кое ги исфрламе насобраните токсини од телото, додека вдишувањето е спонтано. Кај оваа пранајама важна улога игра работата на дијафрагмата и целото внимание се насочува кон издишувањето кое е звучно. Вдишувањата и издишуваеата се изведуваат низ нос. Повторувајте го овој процес најмалку 20 циклуси.
Научете правилно да дишете на следната работилница Програма на среќата или редовните јога часови
Recent Comments