Често по напорен ден или по голем доживеан стрес, се случува да се јави звонење во ушите, ако тоа често се случува, обидете се да се опуштите со медитација и редовно да пиете микс од чај од нане, мелиса и кардамом. Ако ова станува хронично, ова е знак да се обрне поголемо внимание. Според Ајурведата, тинитусот е предизвикан од нарушување на вата дошата (енергија на воздухот во телото). За да ја смирите возбудената вата енергија (воздушна енергија) во нервниот систем, што е главната причина за тинитус, пијте чај од камилица и цимет (во еднакви делови), во чаша вода.
• Секојдневно, нежно тријте ја коската што се наоѓа зад увото со топло шафраново масло. Правете го ова два пати на ден, наутро и навечер, една недела и набљудувајте го резултатот.
• Секојдневно, нанесувајте од лековитите ајурведски капки за уши
• Редовно правете насја и карна пурана третман.
• Редовно земајте Ашваганда
Recent Comments