Секој од нас доживеал икање, навидум безопасен проблем, никој не му придава значење и не размислува од што потекнува. Икање се јавува поради недоволно снабдување со крв во дијафрагмата, поради што дијафрагмата претрпува периодични конвулзивни движења, што се манифестира со икање.
– Запрете го здивот.
Наједноставниот лек за икање е да го задржите здивот. Длабоко вдишете и задржете го здивот во долниот дел на стомакот, а потоа полека издишете.
• Ако имате потешкотии во задржувањето на здивот, земете дебела хартиена кеса, отворете ја и држете ја врз уста и нос, дишете во неа (вдишете и издишете). Дишејќи на овој начин, ќе го вдишите вашиот сопствен јаглерод диоксид, и ова природно ќе ги релаксира мускулите на дијафрагмата. Икањето ќе исчезне за една минута или две.
Recent Comments