Ајурведски хумус – пире од наут

 

Хумусот е традиционално пире од наут и сусам од Блискиот исток што може да се јаде како
предјадење или како главно јадење со суров зеленчук и парче леб.
„Хумус“ на арапски јазик буквално значи наут, а целото име на јадењето е „хумус со таан“.
Подготовка на хумус според Ајурведска кујна
-Пасивно време 8 часа натопен наут
-Време за варење на наутот – 20 минути

Состојки:
1/2 чаша наут натопен преку ноќ
1 лажица таан
3 лажици маслиново масло
3 лажички сок од лимон
1/4 лажиче сол

УПАТСТВО
Потопете го наутот преку ноќ, 8 часа. Исфрлете ја водата и варете во тенџере уште 20 минути.
Откако малку ќе се излади, ставете го наутот во блендер со малку вода и изблендирајте ја
смесата, потоа додадете ги останатите наброени состојки и мешајте додека не се изедначи
смесата.
Оставете еден час да одстои хумусот и потоа може да го послужите.

На здравје!

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...