Вата доша и справувањето со стресот

 

Вата дошата го манифестира стресот низ анксиозност. Воздушната енергија им дава премногу сила на нивните мисли кои неуморно талкаат размислувајќи за возможни исходи кои можеби никогаш нема да се остварат. Сево ова талкање со мислите, заморува и ги остава без сон. Оваа доша е преокупирана со темелни анализи на секое можно поле од нејзиниот живот, што ја прави уште понестабилна. Затоа, смирениот здив и заземјувањето се од исклучителна важност за оваа динамична доша. Ватата треба да биде свесна за сегашниот миг и да ги исклучи сопствените проекции за иднината, а со тоа да го олесни и стресот.

Како да го олесните стресот:

Прошетајте боси по под или трева доведувајќи ги ниските чакри во хармонија со помош на негативните јони од земјата.

Бидете во телото, а не во главата. Бидете свесни за моментот во кој се наоѓате, нештата кои се во вашиот видокруг, она кое го дразни вашиот нос и она што можете да го вкусите.

Постанете свесни за секој здив, смирете ја возбудата и сосредоточете го умот, духот и телото. Се препорачуваат лесни јога вежби.

Свесноста за вашата доша ве учи не само да се справите туку и да препознаете кога нешто не е во ред со вашето тело. Останете во ритам, чувајте се себе и вашето тело!

Се препорачува редовна абјанга и широдара, ашваганда и сатавари.

 

ТРЕТМАНИ

Вата

Ashwagandha

Satavari

Written by Ayurveda

February 17, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Древен ајурведски лек за уморни и болни стапала

Древен ајурведски лек за уморни и болни стапала

Дали сте пробале стапалата да ги потопите во млеко? Нозете ќе ги впијат сите хранливи материи од топлото млеко.  Овој третман им преку 100тина позитивни влијанија врз здравјето на телото. Како да го направите овој третман? Изборот на млекото го оставаме на вас....

Радикално исчистете ги масните депозити и излечете го гастритот

Радикално исчистете ги масните депозити и излечете го гастритот

Овој древен ајурведски пијалок е составен од само 2 состојки што сите ги имаме дома. Додадете ги овие 2 состојки во шолја вода и ќе забележите олеснување за многу брзо време. Ако имате какви било проблеми со стомакот или имате прекумерна тежина, овој пијалок ќе...

Ѓумбирот во борба со маснотиите и дебелината

Ѓумбирот во борба со маснотиите и дебелината

Ѓумбирот, како додаток или состојка во храната или пијалоците, може да заштити од дебелина и хронични болести. Како еден од најчесто користените зачини во светот има долга историја на употреба како хербален лек за третман на разни болести благодарение на разните...