Вежби за дишење кои лесно го смируваат умот
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Вежби за дишење кои лесно го смируваат умот

Вежби за дишење кои лесно го смируваат умот

by | Jul 29, 2020 | 0 comments

Во текот на денот, потребно е се почесто да се применува длабоко абдоминално дишење, со целосна
свесност дека влијае позитивно на состојбата на вашиот ум, а со тоа и на здравјето на
организмот. Фактот дека практикувањето свесна контрола на дишењето ја стимулира и зголемува
животната енергија. Овој факт бил познат уште одавна и овие техники ги применувале многу
древни цивилизации.
Правилното дишење е клучот со кој може да се отстранат многу здравствени проблеми, го
будиме сопствениот ментален потенцијал и стануваме посреќни и покреативни во она што го
правиме.

Вежбата за длабоко дишење се изведува во исправена положба на седење. Дишеме длабоко, а
споро, во пределот на стомак. Вежбата се изведува опуштено и смирено. Кога вдишуваме,
вдишуваме кислород и абдоменот полека се шири нанадвор полнејќи се со животна енергија. При
издишување абдоменот и абдоменалните мускули се враќаат кон ‘рбетот исфрлајќи јаглерод
диоксид. Овој вид дишење нежно ги масира внатрешните органи, го стимулира варењето на
храната, ја регулира функцијата на бубрезите и го намалува крвниот притисок. Со вдишување
повеќе воздух за време на неколку минути од извршување на оваа вежба, го снабдуваме
организмот со поголема количина скапоцен кислород, а со тоа добиваме поголема количина на
енергија.
И најважно од се е дека дишењето со полни бели дробови во природната средина, влијае
на ослободување на хормонот на среќа.

Научете правилно да дишете на нашите он лајн јога часови.

 

ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...