Вежби за масирање на мускулите на ‘рбетот и за целосно опуштање – најпријатната јога вежба 🙂
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Вежби за масирање на мускулите на ‘рбетот и за целосно опуштање – најпријатната јога вежба 🙂

Вежби за масирање на мускулите на ‘рбетот и за целосно опуштање – најпријатната јога вежба 🙂

by | Aug 10, 2021 | 0 comments

Вежби за масирање на мускулите на ‘рбетот /shavasana/

Овие вежби во јогата служат за целосно опуштање на телото. Shavasana – или позиција на мртовец /во оваа позиција остануваме целосно неподвижни/

Оваа вежба ни овозможува да постигнеме максимална релаксација на мускулите на грбот, бидејќи
продира длабоко под површинските слоеви.

Вежбата се состои од два дела:
Прв дел
♦ Легнуваме на грб и ставаме роловани крпи под половината и вратот.
♦ Ги вртиме стапалата од едната и другата страна – што е можно поопуштено, без напрегање. Во
исто време ја вртиме главата кон левото и десното рамо, без да го напрегаме вратот и грбот.
Може да ја движиме главата и нозете во иста или во спротивна насока, слоборен избор. Кога ја
вртиме главата надесно а нозете налево и обратно или пак главата надесно и нозете надесно,
главата налево и нозете налево, како што сакаме во тој миг.
♦ Целосно се опуштаме и почувствуваме бран вибрации долж целиот ‘рбет. Практикуваме околу 1 минута.

Втор дел
♦ Легнуваме на стомак, ставаме перница или пешкир под чело, ги истегнуваме рацете до телото
♦ Ги свртуваме стапалата од една на друга страна, со прстите на нозете ги приблизуваме
стапалата па ги одалешуваме Полека со движењата на стапалата се опуштаме и полека се
ослободуваме од целата напнатост која ја носиме, така што за кратко време почнуваме да
чувствуваме како бран на енергија поминува низ нашето тело. Остануваме во оваа позиција 1
минута.

Шавасан- потполно опуштање
И на крај завршуваме со длабока свесна релаксација. Ако правилно ја изведуваме оваа вежба
пред спиење, многу лесно ќе се потопиме во светот на соништата.
♦ Едноставно легнуваме на грб со малку раздвоени нозе и дланки завртени нагоре. Ставаме
ролна пешкир или перница под глава и врат. Постепено со длабоко дишење го опуштаме телото
почнувајќи од долу па нагоре, од прстите на нозете до врвот на главата. Правиме 20 циклуси
вдишување и издишување, постепено продлабочувајќи го дишењето и полека се опуштаме
оставајќи го умот настрана, мислите ги оставаме да лебдат и престануваме да го контролираме
дишењето – продолжувајќи со природно дишење во свој ритам.

 

Научете техники за лесно и длабоко опуштање на телото на нашите редовни јога часови.

Во период кога чувствувате голем стрес или напнатост земајте редовно Ашваганда и Шанкапушпи.

Shankapushpi

Ashwagandha

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...