Дали знаете дека доцнењето на важните настани предизвикува длабок стрес?

Добро е да се знае кои нешта влијаат на зголемување на стресот, едноставно да можеме свесно
да ги ублажиме и избегнуваме секојдневните стресни ситуации. Сакале или не, секој ден е полн
со стрес што не зависи од нас. Сепак, некои навидум наивни работи што самите ги правиме можат
да ни го направат денот уште постресен. Зошто да не ги избегнеме.
Постојано доцнење
Можеби мислиме дека доцнењето неколку минути не е страшно, но станува проблем ако стане
навика и да создава доста непријатни ситуации на работа, во врски со пријатели и слично. Ако
постојано доцниме, тоа влијае на начинот на кој луѓетоне перципираат; ако редовно доцниме на
работа, даваме слика дека сме мрзливи; пријателите и најблиските ќе почнат да мислат дека не
се грижиме за нив. И тука следат критиките, губењето добри релации со надворешниот свет,
едноставно се отвара врата за дополнителен извор на стрес во нашиот живот. Овој проблем
лесно се решава, под услов да сакаме да го решиме. Ако сме свесни дека постојано доцниме,
свесно може да се корегираме на многу едноставен начин. Одлучуваме сите термини да ги
планираме петнаесет минути до половина час порано отколку што е вистинскиот тајминг. Многу
едноставен начин да го престигнама времето и да сме секогаш предвреме.
Работа без пауза
Можеби мислиме дека најдобриот начин да ја завршиме работа и да немаме грижа е да работиме
додека имаме работни обврски, но за жал ефектите се по наш грб. Постојат луѓе кои можат да се
пофалат дека работат долги часови без пауза; да. тоа може да биде вистина, но веројатно
нивната работа не е квалитетна. Многу студии посочуваат дека продуктивноста опаѓа доколку не
направиме соодветна пауза. И намалувањето на продуктивноста може да предизвика
дополнителни недоразбирања и проблеми при работа. Покрај тоа, долгото седење е физички
многу нездраво. Важно е да направиме пауза и повторно да продолжиме. На пример, ручек,
прошетка, некоја креативна игра, нешто што ке не одмори и ќе не избави од секојдневната рутина.
Не дозволувај работата да те исцрпи и да ти создаде стрес во организамот.
Лишување од сон
Современиот живот е брз и точно е дека ни недостасуваат часови за да ги завршиме сите работни
и домашни обврски. Честопати седиме до касно навешер за да постигнеме се што сме
испланирале. Доцна легнуваме. Но, лишувањето од сон може да го намали квалитетот на
живеењето, да ја намали способноста за расудување, да ја зголеми веројатноста за грешки, па
дури и повреди на работа. Да не спомнувам дека недостатокот на сон лошо влијае на здравјето
(намален имунитет, ризик од дијабетес, висок крвен притисок, па дури и срцеви проблеми).
Затоа, проверете дали спиете најмалку 7 часа на ден – најдобро е да се оди во кревет пред 22
часот, да станеме рано наутро и да го почнеме денот со добра енергија и длабока медитација.

Како да си помогнеме?

Да ја балансираме исхраната, особено во овој период кога преовладува Вата дошпата. Да јадеме топла и чорбеста храна, убаво да го затоплуваме телото, а особено стапалата и главата и што поголем одмор. Секако редовната јога пракса и техниките за дишење да ни станат практика.

При длабок стрес и дизбаланс на телото ви препорачуваме редовна маслена ајурведска терапија Абјанга и Ашваганда.

 

Ashwagandha

 

ТРЕТМАНИ

 

СЕМИНАРИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??...

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

  Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш. Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе...

Кафа доша и справување со стресот

Кафа доша и справување со стресот

Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова...