Моментот на раѓање го одразува квалитетот на времето кое се пресликува на нас и не
следи целот живот.Тој момент го одразува енергетското усогласување врзано со нашата
карма и квалитетите но моментот кога сме родени, а ни овозможува искуства кои ни се
потребни во животот. Тука станува збор за една од најзачајните закони на универзумот-
законот на почетокот.
Во превод зборот jyotish значи светло. Ведската астролгија преставува светлина која ни
помага да си го осветлиме својот животен пат. Кога патот ни е осветлен, полесно е да ги
согледаме предностите и можни опасности, за да можеме да превземеме адекватни
мерки за истите. Така превземаме одговорност за својот живот
и не дозволуваме да се чувствуваме како збунета марионета која незнае што и се случува.
Затоа се вели, дека кога ќе погледаме во нашата jyotish карта
дозволуваме светлината во тој момент да влезе во нашиот живот.
Јyotish светлината е божествена светлина.
Наталната карта има цел да ни помогне да не се сопнуваме во мракот, подлабоко да се
разбереме себе си, смислата на животот и сето тоа да го ускладиме со природните закони
за да чекориме во животот со поголема свест и верба.
Заедно со изработената натална карта добиваме совети, препораки за примена на
ремедијални мерки: мантри, драги камења, бои и многу други техники, со што
помогнеме во одреден тежок период од животот, полесно да ги поминеме пречките кои
ни се на патот и да ја пренасочиме енергијата во нагорен правец.
Дали знаете дека кај нас можете да најдете голем познавач на ведската астрологија?
Ако ова доволно ве заинтересира слободно јавете ни се да ја изработиме вашата карта 🙂
Recent Comments