Депресија – најсериозната ментална состојба на денешницата

Депресијата е состојба на ниско расположение, аверзија кон активност и негативни мисли, однесувања и емоции. Депресивните луѓе се чувствуваат тажно, празно, безнадежно, беспомошно, безвредно, раздразливо, повредено и вознемирено. Губат интерес за активности што им биле пријатни, намален апетит,  тешкотии со концентрација, помнење детали или донесување одлуки. Депресивните луѓе имаат несоница, замор, болки во телото и дигестивни проблеми. Депресијата како состојба може да се јави привремено, но може да се јави и како акутна состојба. Се појавува вообичаено со причина, но може да се појави и без причина. Иако станува збор за психолошко нарушување, но станува збор за физичко нарушување на организмот како резултат на пореметување на одредени хормони  допамин, серотонин,  моноксидаза и др.

Неизбежна е посета на лекар за да се одреди точната дијагноза, но истовреме неопходно е да дадеме се од себе и да излеземе од оваа мрачна состојба со помош на алтернативни совети од стручни лица и примена на соодветни третмани и вежби. Според клиничката слика, нашиот лекар ќе ни препише антидепресивна и анксиолитична терапија, но што понатаму. Честопати алтернативните методи, техники и практики се покорисни и потрајни од лековите.

Изборот е наш!

Не дозволете да останете сами….депресијата ве влече во темен тунел….тука ви се најблиските кои секогаш можат и сакаат да ви помогнат, на ваков или онаков начин. Објаснете им на вашите најблиски како се чувствувате, што ве мачи и побарајте помош, затоа што луѓето околу вас треба да знаат и верувајте дека секогаш ќе се најде најдобро решение… не сте ни луди ни будали, туку вие сте еден од петте луѓе на планетата која се соочува со оваа состојба.

Ајурведата има одговор за овие непријатни состојби. Практикување на редовни јога вежби, техники за дишење, ајурведски третмани и редовно земање на Шанкапушпи.

Shankapushpi

ТРЕТМАНИ

ЈОГА

СЕМИНАРИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??...

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

  Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш. Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе...

Кафа доша и справување со стресот

Кафа доша и справување со стресот

Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова...