Детоксицирај го телото според ајурведа оваа пролет

Исчистете ги сите делови од вашиот живот оваа сезона со сеопфатниот план на ајурведскиот доктор Авишек Мишра кој честопати престојува кај нас.Направете брза детоксикација на вашиот ум, тело за да заблесне душата. Ова може да изненади, но токсините не се наоѓаат само во загадувањето на воздухот и нездравата храна. Па зошто да не ги исчистите сите делови од вашиот живот оваа пролет за да постигнете вистинско чувство на олеснување, обновување и јасност.

Направете сопствен план и диета.

„Кога се прочистуваме на пролет, согоруваме се од зимата, ги чистиме тешките остатоци од кафа дошата, елементите на вода и земја“, вели др. Авишек. „Ова е причина зошто имаме желба да јадеме полесно и да се детоксицираме“. Како што преминуваме во нова сезона, тој препорачува да се јаде повеќе варен зеленчук, да се пијат ретки супи за чистење и да се намали тешката, токсична храна, вклучувајќи пржена храна, заситени масти, млечни производи, шеќер, алкохол и житарки. И, ако зимава сте претерале, пробајте двонеделна детоксикација за да го ресетирате вашето тело.

Јадете горчлива храна.

Горчливата храна има својства за чистење на крвта и црниот дроб. Таа го поттикнува тоа „затнато“ чувство и го олеснуваат варењето. Д-р Авишек препорачува конзумирање на горчеливи зеленчуци, најчесто варен или суров. Неколку опции се: ендивија, трупки, горчлива диња, ротквица, дајкон, зеленило од глуварче и т.н. Постојано пијте топли течности во текот на денот за да помогнете во согорувањето на Кафа дошата, почнувајќи со топла вода наутро. Билни чаеви кои треба да ги пиеме се: коприва, глуварче, анасон и нане. Ако сте зимурливи, можете да додадете ѓумбир, со ставање свеж ѓумбир во вода 20 минути, процедете и пијте.

Додадете мед во не многу топла вода.

Кога се користи правилно, медот ја растопува амата (токсините) од внатрешноста на телото, според Ајурведата. Ако немате големи нерамнотежи на Пита или Вата или алергија од амброзија или мед, локалниот органски суров мед може да понуди големо природно ослободување од алергии, бидејќи со текот на времето испорачува алергени во мала доза и може да создаде природен имунитет. За подобро влијание, започнете неколку месеци пред сезоната на алергии. Додадете 1/2 лажица во топла (не вруќа) вода наутро помеѓу 6-10 часот и пијте.

Јадете лесна зеленчукова супа.

Можете да додадете и зеленчуци во оваа супа, да ги испасирате или да пиете супа на страна додека јадете зеленчук. Д-р Авишек препорачува вклучување на разни зеленчуци на пареа и супа. Изберете: 1 плод од коренест зеленчук , 1 зељесто, 1 крстолесто зеленчук, 1 од горчлив вид на зеленчук. На пример: моркови, брокула, блитва и трупка.

Внимавајте на внесот на сол и масло.

Користете масла само откако ќе ги сварите зеленчуците. Користете розова хималајска сол за да ја зачините вашата храна заради високата содржина на минерали.

Зголемете го внесот на зачински билки.

Користете зачини како: коријандер, анасон, куркума, ким и свежо нане. Можете да додадете зачини во прав директно на вашите зеленчуци во јадењето.

Исчистете го вашето тело движејќи се.

Движењето е клучно за чистење на телтото и детокс. Стагнацијата е смрт “, вели д-р Авишек. „Пролетта ќе ве придвижи сакале или не. Разбудете се од силата на природата “. Додека се прочистувате, исто така можете да го забавите умот со забавување на мислите, фокусирањето на внимателно вежбање на техники со длабоко дишење.

Движете го, извртувајте го и истегнувајте го телото.

Движете го вашето тело помеѓу 6-10 часот наутро (време на доминантна кафа доша) за да ја поттикнете вашата енергија да тече на почетокот на денот. Практикувајте јога дома, останете во јога позите подолго (најмалку 10 вдишувања) со уџаи здив. Исполнете го целото тело со кислород и исфрлете ги токсините практикувајќи повеќе пози со усукувања. Прошетајте секој ден во природа, давајќи им простор на умот и на телото.

Правете солени бањи додавајќи есенцијални масла и масажа со билни прашоци.

Овие бањи активираат движењето на течностите во ткивата и го зголемуваат потењето. Сулфурната компонента на солите е одличен агенс за детоксикација. „Оваа бања го детоксицира целото тело, но исто така ги опушта вашите мускули и е одлична по напорен тренинг или долг ден!“ Вели д-р Авишек. Ако можете да останете подолго во вашата бања, уште подобро. Започнете со ½ шолја сол, 5 капки есенцијални масла од лаванда, портокал и лимон, и секој ден полека зголемувајќи ја количината додека можете да толерирате. Намалете ако имате симптоми како што се срцеви палпации или вртоглавица на кое било ниво. Започнете полека и зголемувајте го времето на најмалку 20 минути без симптоми.

Редовно барем 3 пати во неделата практикувајте Удвартана третман со билен прав. На овој начин лесно ќе ја разбиете поткожната нечистотија, токсините, мастите и стриите.

Удвартана

Ајурведско органско есенцијално масло – лаванда

Ајурведско органско есенцијално масло – портокал

Ајурведско органско есенцијално масло – лимон

Органска куркума во прав 200гр

 

Вата

Питта

Кафа

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведско фрапе за енергија во време на постење

Ајурведско фрапе за енергија во време на постење

Постот е многу здрава работа за целото тело прпеорачува Ајурведата. За оваа намена ви предлагаме едно здраво ајурведско фрапе. 5 урми млеко /по ваш избор/ банана овесни снегулки Малку цимет и кардемом Чиа семе Ова фрепе е богато со енергија и она што е многу...

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...