Еликсир за зајакнување на имунитетот во ладните денови
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Еликсир за зајакнување на имунитетот во ладните денови

Еликсир за зајакнување на имунитетот во ладните денови

by | Oct 5, 2021 | 0 comments

 

Овој еликсир се подготвува за одржување имунолошкиот систем на целото семејство, особено во
есен и зима, кога телото е подложно на вируси и настинки.
Сите состојки се едноставни и добро познати: лимон, ѓумбир и мед.
Корисните својства на лимонот добро ни се познати, односно покрај витамин Ц, содржи и
органски киселини, со што се зајакнува имунолошкиот систем.
Џумбирот е корисен корен бидејќи е природен антибиотик, а за медот нема што да се зборува,
апсолутно магичен дар од природата, благодарение на пчелите.
За да го подготвите овој еликсир за здравје, ќе ви требаат:
– 2 лимона, кои ги употребуваме заедно со кората
– 0,5 кг. – половина тегла мед
– 1 среден корен од ѓумбир
– 1 стаклена тегла

– 1 лажица кадрамом
Подготовка:
Лимоните измијте ги убаво со сода бикарбона и вода, исецкајте ги на мали парчиња и излупете го
ѓумбирот. Така исецканите парчиња ги ставаме во блендер и потоа го додаваме мед и кардамом. Ставете
ја смесата во чиста тегла, покријте ја со капак. Чувате ја теглата во фрижидер.
Земате 1 лажица дневно, по можност наутро, на гладно. Можете исто така да го ставите во чај и
други топли пијалаци.
Многу е вкусно, и што е најважно – е здраво!

 

Органски кардамом во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...