Златно млеко – древен лек за кожни проблеми, вируси и настинки
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Златно млеко – древен лек за кожни проблеми, вируси и настинки

Златно млеко – древен лек за кожни проблеми, вируси и настинки

by | Jan 5, 2022 | 0 comments

Преминот од една сезона во друга е секогаш тежок предизвик за нашето тело. Така, есента и зимата со своето студено, ветровито и влажно време претставува предизвик за нашиот имунолошки систем кој може да биде изложен на разни вируси и настинки. Затоа ова е идеално време да се запознаете со златното млеко кое се користи, не само за убавината на кожата туку и за целокупното здравје. Златното млеко го добило името поради прекрасната жолта боја што му ја дава куркумата и другите зачини. Куркумата е омилен зачин на ајурведската медицина, но неговата повеќекратна лековита моќ е препознаена и од модерната медицина. Овој зачин има посебено влијание кон крвта, па затоа е во состојба да ги пренесе своите моќни лековити состојки низ крвотокот низ телото и да ги поддржува телесните функции и системи.

Придобивките од куркумата се многубројни: ги балансира сите типови на тело, го подобрува здравјето на имунолошкиот, васкуларниот и дигестивниот систем, го храни срцето ја чисти крвта и лимфата, ја подобрува циркулацијата и спречува згрутчување, ја поддржува работата на мозокот и нервниот систем, ги зајакнува мускулите, третира повреди на меките ткива, ја намалува болката и воспалението, го регенерира црниот дроб и го поддржува неговото здраво функционирање. Куркумата помага при настинки, синуси и бронхијална конгестија, болки во грлото и разни проблеми со кожата. Затоа ова древно златно млеко одамна е препознаено и ценето во ајурведската медицина.

Ајурведа и куркума

Во Ајурведата, куркумата се користи за балансирање на вата, пита и кафа доша. Тој има особено корисен ефект врз крвта (раста) и плазмата на васкуларниот систем (ракта дхатус). Го стимулира дигестивниот оган (агни), помагајќи да се намали кафа доша и токсините (ама). Куркумата е популарна и во традицијата на ајурведа и јога практиката бидејќи се користи за чистење на фините енергетски канали и чакри, а традиционално се консумира во редовна исхрана за зајакнување на лигаментите во практиките на хата јога.

Зголемување на јачината на куркумата

Ајурведата е позната по својата умешност на комбинирање на храна со лековити растенија за да се зголеми нивната исцелителна моќ. Моќта на куркумата се засилува кога нејзиниот горчлив вкус е избалансиран со слаткиот вкус. Горчливиот вкус му помага на телото да се детоксицира, додека слаткиот вкус ја зголемува биорасположивоста на хранливите материи. Слаткиот вкус овозможува лековитите својства на куркумата да се пренесат што подлабоко во ткивата на телото. Затоа во традиционалната ајурведска кујна куркумата се комбинира со намирници со природно сладок вкус како што се млеко, Ги путер, бадеми, ориз итн.

Нашата комбинација соджи околу 10 дополнителни состојки кој позитивно влијаат на целото тело и нивните функции.

 

Златно млеко

Органска куркума во прав 200гр

Вата

Питта

Кафа

ШРИ ШРИ ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...