Златно млеко – лек за 1000 болести

Златно млеко – лек за 1000 болести

by | Jul 7, 2020 | 0 comments

Што ви советува ајурведата во време на пандемија?

Златното млеко е пијалок кој храни, смирува емоции, стимулира елан, дава енергија и дава чувство на спокој и задоволство (мелем за тело и душа). Поттикнува здравје и виталност, ги зајакнува коските и го подобрува варењето  #Агни. Активната компонента во куркума е куркумин, кој има антиоксидантно и антиканцерогено дејство. Заштитува од срцеви заболувања и е еден од најсилните природни антибиотици. Друга важна состојка што ја додаваме во „златниот пијалок“ е црниот пипер. Тој го загрева телото и ги подобрува терапевтските својства на куркумата. Златното млеко, благодарение на куркумата во комбинација со црниот пипер, исто така, има антиинфламаторно дејство. Во Ајурведата, пијалокот се користи при ревматски заболувања, го смирува воспалението и отокот на зглобовите и го зајакнува и штити коскеното ткиво.

Подготовка за едно лице:

✅ 1 чаша кравјо млеко, 2 дц (кравјо млеко може да се замени со бадемово млеко)

✅ 1 лажичка #Ги  /како да го направите кликнете тука

✅ 1/3 лажичка куркума

✅ Прстофат црн пипер

✅ Засладувач (јаворов сируп или шеќерна трска) по желба


Го ставаме млекото на оган, додаваме масло и зачини да се стопат во топлото млеко. Постојано промешуваме додека млекото не зоврие. Го отстрануваме млекото од топлина и додаваме слад по наш вкус. Уживајтее во топлиот напиток. Многу важно за здравјето на вашето тело, психа и емоции е златното млеко да се пие пред спиење.
Квалитетна куркума можете да најдете кај нас.

 

Органска куркума во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...