Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??
Како да ги избегнеме, спречиме и да ги третираме проблемите со синусите, опструкциите на дишните патишта и воспаленијата, алергиите, главоболките, мигрената, вирусите и т.н.
Дали знаете зошто најчесто алергиите и проблемите со ност се јавуваат на пролет? Бидејќи кафа дошата е доминантна во овој период од годината.
Ајурведата користи една од моќните древни техники за негување на ноздрите со традиционално масло #Насја, кое ги прочистува синусите и дишните патишта, делува против воспаленијата, го смирува умот, ја подобрува меморијата и концентрацијата.
Овие природни капки од билни и етерични масла ги прочистуваат синусите и дишните патишта, ги ублажуваат алергиите, ги решаваат енергетските блокади и ги прочистуваат каналите во главата, го олеснуваат стресот, ги смируваат главоболките, вознемиреноста, иритациите и делуваат многу релаксирачки. Тие лесно го смируваат умот, ја подобруваат меморијата и концентрацијата.
Природните капки за синуси на Ayurveda Macedonia брзо го подобруваат проток на кислород во главата, целото тело, го олеснуваат стресот, ја ублажуваат главоболката, вознемиреноста, иритацијата и имаат многу релаксирачки ефект релаксирајќи го целиот нервен систем. Помагаат при болки во грбот.
Овие капки се дел од #Nasya третманот кој се изведува во нашиот ајурведа центар.
Начин на употреба:
Наутро и / или навечер, нанесуваме 4-6 капки масло од насја во секоја ноздра, а на деца од 3-5 години, нанесете наутро и / или навечер 3-5 капки масло во секоја ноздра.
Доколку воспаленијата се големи може да аплицира и 5-6 пати на ден, 4-6 капки во секоја ноздра. Кога тешкотиите ќе започнатт да се ублажуваат и смируваат, намалете ја употребата на капки на 3-4 пати на ден. Кога тешкотиите ќе исчезнат, сè уште користитете ги капките, но тогаш доволно е 1-2 пати на ден. Ајурведските капки за ноздри успешно го негуваат и прочистуваат носот како дел од дневната хигиена и се препорачува за трајно користистење. Ако ги користите превентивно, доволно е да се користи 4-6 капки масло во секоја ноздра еднаш дневно.
Капките не треба да се користат веднаш по оброк.
Маслото Nasya може да се загрее пред употреба со (приближно 1/2 минути) во сад со топла вода. Потоа аплицирајте го топло (не претопло) масло во секоја ноздра и измасирајте. После тоа, земете неколку длабоки вдишувања на воздух низ носот. Ако немате време да го загреете маслото, користете го на собна температура. Маслото од Nasya може да го користат и деца уште на возраст од 2 години и доилки.
Нема контраиндикации со лекови.
Не се познати случаи на предизвикување алергии на ова масло, освен во случаи на алергија на некои компоненти од составот.
Recent Comments