Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

 

Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш.

Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе можат да станат автентични, да растат без маски, да се развиваат такви какви што се, а не  како општеството бара од нив.

Самосвеста се зголемува со медитација, па затоа е важно да се медитира од рана возраст, особено на училиште за да се ослободат  и да осознаат што навистина ги фасцинира, да се развие креативноста и да ги развиваат своите таленти и да имаат слобода на избор на професија, а не она што општеството им го наметнува.

„Ако секој осумгодишник научи како да се справи со сопствените мисли и стресови, како да ги смирува своите мисли, како да се опушти и да научи да медитира, големи се шансите да се елиминира насилството во светот во рамките на една генерација“ – Далај Лама

Ако медитацијата како техника се практикува редовно, децата би биле се помалку подложни на стрес, би  биле емотивно и морално појаки, позитивни, искрени и сочувствителни, со што нема да се чувствуваат поконкурентни едни со други. Неколку клинички студии покажаа дека медитацијата ја зголемува кортикалната дебелина на мозокот, го штити организмот од болести и значително го подобрува вниманието и концентрацијата.

Медитацијата е исто така корисна во намалувањето на ризикот од срцев удар. Една студија на Американското здружение за срце покажа дека од 210 пациенти со корорнарна срцева болест, половина кои биле подложени на трансцендентална медитација (ТМ) го намалиле ризикот од срцева слабост за пет години и мозочен удар за 48% споредено со оние кои биле подложени на рутинска медицинска профилакса.

Научниците Лазар и Кер ги проучувале ефектите на медитацијата врз кортикалната дебелина на мозокот: “Редовната пракса на медитација е поврзана со зголемување на дебелината во подмножеството на кортикални региони поврзани со соматосензорна, аудитивна, визуелна патека и интеркоцептивна обработка. Освен тоа, редовната пракса на медитација може да го забави стареењето на предниот кортекс поврзан со возраста.”

Други студии покажуваат дека медитацијата во училиште во голема мера го намалува стресот и депресијата,  па затоа е важно децата да научат да медитираат, да живеат во мир со другите и пред сè со самите себе .

Студијата за медитација која се применува на деца покажа:

  • Подобрување на интелигенцијата и креативноста
  • Подобрување на академските перформанси
  • Намалување на стресот на училиште
  • Намалување на поспаност
  • Подобрување на меморијата
  • Побрзо учење на нови концепти
  • Подобро однесување на учениците
  • Подобро почитување на другите
  • поголема доверба
  • Поголема самореализација
  • Повеќе енергија
  • Подобрување на моралното расудување
  • Подобрување на физичкото здравје

Голем број училишта веќе вклучуваат медитација во својата институционална програма

 

ЈОГА

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...