Инхалациона бања со природни есенцијални масла

Пробајте парна бања со билни есенцијални масла што ги чисти синусите, го смирува и подобрува дишењето

Дали имате навика да ја вдишете пареата и билните есенции додека пиете топол чај?

Многумина од сопственото искуство откриле дека тоа помага при многу заболувања, па затоа го практикуваме сосема природно без никој да не подучува за ова. Оваа парна бања се препорачува најмногу во доцна есен и зима, кога вата дошата е во највисокиот зенит, а проблемите со носот, дишните патишта и вирозите се најголеми.

Прочитајте кои растенија најдобро му помагаат на вашиот респираторен систем и синусите, истовремено чистејќи ја и хидрирајќи ја кожата и тенот.

Без разлика дали сте настинати или сакате само да изгледате убаво, парната бања со есенцијални билни масла, како лаванда, лимон, лимонова трева и портокал, секогаш е одличен избор за вас.

За да го подготвите, ќе ви требаат само неколку видови етериќни масла, од кои повеќето ги имате во кујната, топла вода, сад, крпа и неколку минути време.

Предности ор користењето пареа на лицето или парни бањи со билни есенцијални масла:

Го олеснува назалната затнатост и ги чисти синусите

Стимулира искашлување и ги ублажува главоболките

Ја чистата кожата и добивате сјаен тен

Го смирува нервен систем

Поради ефектот на релаксација, парната бања е одлична за изведување навечер, пред спиење.

Парна бања за лицето со билни есенцијални масла

Состојки:

2 капки есенцијално масло од лаванда
2 капки есенцијално масло од лимон
2 капки есенцијално масло од лимонова трева
2 капки есенцијално масло од портокал

Подготовка:

Загрејте поголема количина вода во големо тенџере. Додадете билни есенцијални масла (за максимален ефект најдобро е да ги користите сите масла или барем неколку од овие масла). Покријте и оставете да отстои некое време.

Откријте и проверете дали водата е топла, но не и вруќа, за да не ве изгори додека вдишувате.

Навалете го лицето над бањата, ставете крпа над главата и вдишете ја пареата. Првично, можете да вдишете преку нос и да издишите преку уста. Потоа, продолжете да вдишувате и издишувате само преку нос.

Вдишувајте до 10 минути. Толку време е доволно за да се омекне вашата слуз и да се отпушти носот, а лицето да светне.

Совет

После оваа бања со билни есенцијална масла , можете да го избришете лицето со крпа натопена во мешавина од јаболков оцет и вода измешана во еднакви размери. Ова ќе ги отстрани нечистотиите акумулирани во порите на лицето.

Може да додадете и некои други билни масла во парната бања, како камилица, што е одлична за чувствителна и сува кожа, кои имаат антиинфламаторно дејство и ја смируваат кожата.

За подобрен ефект врз болни синуси, можете да додадете 1-2 капки масло од еукалиптус во бањата.

По завршувањето на бањата не заборавете да нанесете неколку капки од нашето докажано насја масло во секоа од ноздрвите.

 

Посакуваме добро здравје 🙂

Органско ајурведско масло за нос

Ајурведско органско есенцијално масло – портокал

Ајурведско органско есенцијално масло – лимонова трева

Ајурведско органско есенцијално масло – лимон

Ајурведско органско есенцијално масло – лаванда

 

Вата

Written by Ayurveda

January 25, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...