Како да ги исчистите аурата и чакрите од секојдневно енергетско ѓубре?

*Секоја наша негативна мисла, блокирана или неискажана емоција предизвикува појава на
нечистотии во аурата. Ова директно влијае на нашиот енергетски потенцијал, затоа мора да се
погрижиме да го заштитиме здравјето на нашата аура со промена на нашиот начин на
размислување.
*Ние акумулираме и задржуваме отпад од ментална, физичка енергија, емотивни состојби
од други луѓе, астрални остатоци, кои како темни дамки остануваат залепени на нашата
аура, правејќи ја темна и валкана. Поради тоа, се чувствуваме негативно, нерасположено,
депресивно, болно, уморно, поспано или имаме несоница. Хроничниот замор е сигурен знак дека
сме полни со негативна енергија, психолошко ѓубре и дека е време да ја прочистиме.
Само здрава и чиста аура ќе не води кон живот со позитивни ставови.

Затоа е потребно енергетско чистење на нашата аура секојдневно со следните вежби:
*Визуелизирајте брилијантна светлина во облик на јајце околу целото тело, а потоа засилете ја
светлината до максимална осветленост и ширина на јајцето до околу 1,5 м околу неа. Останете во
таа состојба неколку минути и вдишете ја светлината, чувствувајќи дека го исполнува целото
тело.
*Визуелизирајте ги чакрите во блескавата светлина која ги отвора и прочистува, а потоа
вдишете водопади од светлината што се прелеваат во пастелно црвена, портокалова, жолта,
смарагдно зелена, бледо сина и виолетова боја.
*Почувствувајте го нашиот сјај на аурата.
Чистотата на аурата е фаворизирана од физичката активност, престој во природа, чиста природна
вода, јога и медитација, слушање на хармонични тонови, бои, сончева светлина, итн.
Покрај енергично чистење на нашата аура, повремено треба да го чистиме просторот во кој
живееме, чистење на сите површини, мебел, прозори, врати, зидови, подови и тн. Најважно е
редовното чистење на кујната и бањата, простории каде се создава најголема концентрација и
блокада на негативна енергија во домот.
Потоа, со употреба на ароматични масла и стапчиња од темјан, кристали, светла, украсни свеќи,
свежо цвеќе, продор на сончева светлина и музика ја поддигаме енергијата во просторот. Со
чистење на домот од непотребни работи, создаваме место за прилив на нова енергија,
ослободувајќи се од товарите на минатото.
Нашиот дом е одраз на нашата внатрешна состојба, ако нешто во нашиот дом е заглавено,
расипано или негативно, тоа е одраз на нашите психолошки и емоционални текови на енергија.

За подлабоки енергетски и други чистења обратете се кај нас 🙂

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...