Како да ги намалиме килограмите со ајурведа

Според ајурведската медицина, формулата е едноставна:

– асани (вежби)

– исхрана (пропишана исхрана според дошите)

– медитација (да се разбуди умот и телото).

Ако се согласиме дека теоријата и практиката на „диети“ или „губење на тежината“ како такви не постојат и дека единствено постои учење за правилна исхрана и здраво живеење……… тогаш резултатите доаѓаат сами.

Со помош на неколку асани – вежби за краток период може да се намали 1-3 кг месечно, ако се комбинира со соодветна исхрана и медитација. Со редовна практика, најмалку пет пати неделно постои можност природно да се регулира телесната тежина. Практиката не треба да биде пократка од 45 минути, ниту подолга од 75 минути. Пред се, ви ги препорачуваме „најидеалнаите асани“ за регулирање на тежина и првенствено влијание  на работата на тироидната жлезда (целосен метаболизам), а тоа се плугот (HALASANA) и свеќата (SARVANGASANA). Најискусните јога-практичари и ајурведски терапевти  се согласува со ставот дека најдобри резултати при намалување на телесната тежина се постигнува преку комбинација на голем број асани и практикување Јога вежби,  придржувајќи се до здравиот начин на живот.

Тајната на асаната е дека тие ја активираат целата мускулатура, го, го освежуваат телото и ја стимулираат циркулацијата низ целото тело, особено ако мускулната активност не е толку интензивна, така што не се појавува замор, се гради лактат, се храни срцето, зглобовите, ‘рбетот, итн., и затоа јогата е идеална вежба за лица во зрело доба, лица во притвор кои не се движат, затвореници, лица со заболувања на срцето, со  висок крвен притисок, инвалидитет, дијабет и др. За жал, многу луѓе не сакаат да вежбаат, многумина едноставно не можат да го сторат тоа од различни причини. Прашањето е:… дали може да изгубат вишок килограми без да се вежба. По правило…ајурведските терапевти велат дека може, иако вежбањето е генерално неопходна компонента на регулирање на тежината.  Еве пет совети (од ведското учење) за тоа како да здраво да се храниме и да постигнеме добра линија без проблеми, диети и одрекувања.

       1.Да не пиеме вода кога сме гладни, да не јадеме кога сме жедни.

  1. Да не јадеме брзо; да го џвакаме секој залак полека и со задоволство.

Да го следиме старото правило: Пијте ја течноста како да ја џвакате и џвакајте ја цврстата храна како да сакате да ја пиете на крајот.

  1. Никогаш да не јадеме кога сме  во негативни емоции; кога сме тажни, лути, љубоморни, очајни и без надеж ..
  2. Да запомниме дека оброкот го земаме во време погодно за нас (според дошите) и треба да ги задоволи сите сетила, односно  храната  треба да е свежа и вкусна, мора убаво да изгледа, да е убава за око, убава формата, боја и убаво сервирана.
  3. Храната подготвена со негативни емоции не е храна, туку отров – никогаш не јадете таква храна. Секој оброк мора да се подготви со љубов.
  4. Редовно практикување удвартана, ајурведски третман за намалување на килограмите.

 

Удвартана

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведско фрапе за енергија во време на постење

Ајурведско фрапе за енергија во време на постење

Постот е многу здрава работа за целото тело прпеорачува Ајурведата. За оваа намена ви предлагаме едно здраво ајурведско фрапе. 5 урми млеко /по ваш избор/ банана овесни снегулки Малку цимет и кардемом Чиа семе Ова фрепе е богато со енергија и она што е многу...

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...