Како да се одбраниме од комарците на природен начин!

Најефективни есенцијални масла за мирен престој на отворено

Можно ли е да останеш равнодушен кога се наоѓаш во природа, на тераса, во соба, полека но сигурно потонуваш во
сон протегнат на кревет или лежалка, а тивко на уво слушаш зуење на комарец!
Неможе а да не излезеш од кожа!
Сите имаме ист став- Комарците се најнепосакувано друштво во текот на летото – токму кога ги
има најмногу. Тие мали вампирчиња умеат така добро да не вознемират и извадат од такт, се
однесуваат како непријатели од прв ред, што не ги посакуваш во близина. Едноставно не тераат
да смислуваме начини како најуспешно да се заштитиме од нивните убоди и несакани зуења.
Поради фактот што пренесуваат болести ги нарекуваме штетни натрапници, а во последно време нивниот број е се поголем.
Како да се заштитиме а да не користиме хемикалии?
Ароматерапијата ни нуди 100% природен и безопасен начин за заштита на просторот од
штетнициве!
Една од примарните функции на есенцијалните масла е заштита на растенијата од фитофаги
инсекти (инсекти коин се хранат со растенија). Состојките што ја извршуваат оваа улога претежно
припаѓаат на азотни соединенија (на пример, алкалоиди), терпеноиди, феноли, инхибитори на
протеиназа и регулатори на растот на растенијата. Многу од нив, покрај тоа што го бранат
растението, ефикасно одбиваат комарци и слични паразити.
За заштита од штетници најчесто се користат есенцијални масла од растенија – фамилија
Lamiaceae (на пример босилек), Poaceae (ароматични билки) и Pinaceae ( бор и кедар), односно
есенцијални масла од лимонска трева, лимонпортокал, лаванда и еукалиптус . Постојат индикации дека миризливите молекули на есенцијални масла ги
нарушуваат мирисните рецептори на комарците и со тоа ги одвлекуваат од убоди.
Цитронелата е една од најчестите природни средства за отстранување на комарци. Таа
не е токсична, има пријатен мирис и се покажала многу ефикасна во отстранување комарци,
болви, крлежи и муви. Отстранувачите на комарци базирани на есенцијално масло од цитронела се
ефикасни до два часа по нанесувањето на телото.

Доколку сакате можете да ја користите и нашиот спреј против сите овие штетници. Овој спреј е целосно не штетен за нашата кожа, домот и миленичињата.

Комарците се едни од најштетните инсекти во природата кои убиваат најповеќе живи суштества.

***Природата има решение за се***

 

Ајурведски спреј против комарци и други инсекти

 

Ајурведско органско есенцијално масло – лимонова трева

Ајурведско органско есенцијално масло – лаванда

Ајурведско органско есенцијално масло – лимонова трева

Written by Ayurveda

July 19, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...