Како да се регулира крвниот притисок со Ајурведа
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Како да се регулира крвниот притисок со Ајурведа

Како да се регулира крвниот притисок со Ајурведа

by | Jul 15, 2021 | 0 comments

Иако „високиот крвен притисок“ е многу поопасен од нискиот крвен притисок, „хипотензијата“ не треба да се игнорира бидејќи може да предизвика и сериозни нарушувања на здравјето. Најефективните природни лекови за регулирање на крвниот притисок се: сувото грозје кое успешно го регулира крвниот притисок

Суво грозје

Дневното конзумирање на само една лажица суво грозје, кое е накиснато во вода преку ноќ, последователно во период од еден месец, успешно го регулира крвниот притисок и исто така ја подобрува работата на надбубрежните жлезди.

Ленено семе

Недостаток на естроген може да биде причина за низок крвен притисок, особено кај жени кои влегле во менопауза. Тогаш се препорачува да се вклучи ленено семе во исхраната – природен извор на фитоестроген кој делува слично на естрогенот. Потопете лажица семе од лен во чаша топла вода и оставете  да отстои преку ноќ, а потоа пијте наутро. По 3-4 дена, направете пауза неколку дена, а потоа повторете ја терапијата.

Морска или хималјаска сол

Познато е дека солта го зголемува крвниот притисок, а Ајурведата препорачуваат да се користи нерафинирана морска сол наместо обична кујнска сол, која со право се нарекува „бела смрт“. Секако, не треба да претерувате со количината на овој зачин.

Банани

Калиумот е од особено значење за нормалниот крвен притисок, а најмногу го има во бананите. Јадете една банана на ден, наутро, на празен стомак.

При поголеми варијации во притисокот се препорачува Арџуна и Брахми.

Arjuna

Brahmi

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...