Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова се манифестира со депресија, тага, емотивен јадеж и повлеченост. Кафата е доша која најпрво се грижи за другите, а со тоа се занемарува себе. Мислејки дека нивната цел е да се постојано достапни некому доаѓаат во ситуација да заборават на себе. Затоа, никој не ќе знае како се чувствувате доколку не се ‘размрдате’ во правилна насока.
Како да го олесните стресот:
Физичка активност пред појадокот. Направете нешто и зголемете ги срцевите отчукувања пред првиот оброк. Потта, за вас, значи олеснување.
Излезете од зоната на комфор и пробајте нешто ново без разлика дали е тоа посета на некоја нова локација или ново хоби.
Јадете три оброци на ден без ужинка и грицкање.
Свесноста за вашата доша ве учи не само да се справите туку и да препознаете кога нешто не е во ред со вашето тело. Останете во ритам, чувајте се себе и вашето тело!
Практикувајте редовно Удвартана
Recent Comments