Кичди – едноставен рецепт за детоксикација

Едноставен рецепт за детоксикација:
Кичди, зеленчуково јадење од ајурведската традиција што помага да се опушти и да се излечи телото.
Состојки:
– 1 и пол лажици маслиново масло или ги путер
– 1 лажица рендан ѓумбир
– 1 лажичка семе од синап
– 1 лажичка куркума во прав
– ½ лажичка ким во прав + семе од ким
– ½ лажичка кардамом во прав
– 1 лажичка хималајска сол
– ¼ чаша цели зрна мунг грав или локален ситен грав натопени преку ноќ
– ½ чаша леќа, басмати или локален ориз од цело зрно потопени од вечер.
– 4 чаши вода
– 2 чаши мелен зеленчук (моркови, целер, карфиол, брокула) најдобро користете сезонски зеленчук.
– 2 лажици мелен коријандер или магдонос.
Исцеден лимон .
Начин на приготвување
– Во сад за готвење ставете ги или маслиново масло и испржете го семето од ким на среден оган 2-3 минути. Намалете го пламенот и додадете ѓумбир и мешајте неколку минути додека не стане златно и миризливо.
– Додадете ги другите зачини, солта и пропржете уште неколку минути.
– Додадете го гравот што е предходно накиснат,  леќата или интегрален ориз. Додадете 4 чаши супа од зеленчукот што врие.
Покријте го тенџерето.
Намалете ја температурата и оставете  да врие полека 20 минути.
– Продолжете со варењето уште 5-10 минути доколку е потребно. На оризот му е потребно подолго да се вари и ако е потопен, ќе треба да додадете повеќе вода, што ќе ги промени пропорциите и вкусот на рецептот.
– Штом ќе бидете подготвени, пробајте и додадете сол. Ако сакате кашеста конзистентност, додадете уште малку вода.
– Послужете и украсете со свеж магдонос и цеден лимон.

Одозгоре прелијте со шафраново масло.

ДОБАР АПЕТИТ 🙂

 

Органска куркума во прав 200гр

Органски кардамом во прав 200гр

Ајурведско инфузирано шафраново масло

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??...

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

  Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш. Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе...

Кафа доша и справување со стресот

Кафа доша и справување со стресот

Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова...