Кралски третмани за вашата кожа и коса

Зошто ајурведата препорачува користење на сусамово масло

Сусамово масло

Одличен вкус, богатството на хранливи материи и долг рок на траење се карактеристиките што го издвојуваат ова масло од другите масла. Поради богатството на хранливи материи, се користи како храна, лекови и во козметички цели. Благодарение на неговата хранлива вредност и убавиот вкус, ги збогатува јадењата од сите светски кујни. Во последно време, сè поголем број на козметички производи се збогатија со масло од сусам.

Идеално средство за грижа за вашата кожа

Маслото од сусам се покажа како одличен природен лек за лекување на сите состојби на кожата, особено сува кожа и чувствителна кожа склона кон воспаление. Делува како природен УВ-филтер и докажано е дека задржува до 25% од сончевите зраци. Лекува иритации на кожата, разни неправилности на кожата, како и болести како што се егзема и псоријаза. Помага при проблемот на ослабена микроциркулација. Забрзува заздравување на гребнатини, рани и други оштетувања на кожата и придонесува за намалување на видливоста на лузни.

Маслото од сусам ги врзува токсините што се раствораат во маслото, па затоа е идеално за чистење на кожата и отстранување на нечистотиите од порите. Високите количини на витамин Е спречуваат предвремено појавување на брчки и стареење на кожата. Минералниот цинк помага во борбата против осипите, акните, мозолчињата и митисери.

Маслото од семе од сусам има антибактериско дејство и неговата примена на кожата помага при габични и бактериски инфекции. Затоа, во толку голема количина, затоплено го излеваме на телата при изведување на нашите ајурведски третмани.

Надворешната примена на овие масла во форма на масажа и третмани ги намалуваат инфекциите на кожата и болките во зглобовите, а според научниците, може да го спречи развојот на рак на кожата. Затоа и нанесувањето на затоплено масло во погодените области или на целото тело, имаат големо исцелително дејство.

Квалитетни сусамови масла и природни производи од ова масло можете да набавите кај нас.

 

ТРЕТМАНИ

 

МАСЛА

Ајурведско масло за природно темнеење и нега по сончање

 

 

Органско ајурведско масло против егзема и псоријаза

Written by Ayurveda

July 23, 2020

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...