ЛЕНЕНИ СЕМКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИСХРАНА ВО СТУДЕНИОТ ПЕРИОД
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • ЛЕНЕНИ СЕМКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИСХРАНА ВО СТУДЕНИОТ ПЕРИОД

ЛЕНЕНИ СЕМКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИСХРАНА ВО СТУДЕНИОТ ПЕРИОД

by | Nov 12, 2021 | 0 comments

 

Лененото семе содржи многу малку холестерол и сол. Одличен извор се на магнезиум, фосфор,
бакар, на диетални влакна, тиамин, манган, извор на влакна кои не се разградуваат со варење,
што е многу важно за одржување на здравјето на дигестивниот систем.
Бенефити:
1. Влакната од ленено семе го подобруваат функционирањето на целиот дигестивен систем и
функцијата на апендицитисот.
2. Лененото семе содржи растворливи и нерастворливи влакна кои влијаат на вашето здравје и
физичка кондиција на повеќе начини.
3. Нерастворливите влакна ќе помогнат во отстранувањето на отпадот и токсините од
дигестивниот систем и подобрување на функцијата на црниот дроб, што е клучно за елиминирање
на токсините од телото.
4. Растворливите влакна апсорбираат вода од желудникот и цревата. Тие потоа формираат гел
кој го успорува дигестивниот систем за да може да апсорбира повеќе хранливи материи од
храната.
5. Лененото семе ќе помогне да се зголеми чувството на ситост, што е идеално за слабеење.
6. Лененото семе содржи омега 3 масни киселини, антиоксиданси, минерали и витамини. Тие ќе
помогнат да се спречи хронично воспаление и запек.
7. Докажано е дека семето од лен помага во спречување на разни видови на канцер, особено на
дебелото црево.
8. Лененото семе ќе помогне да се намали вкупниот холестерол и лошиот (ЛДЛ) холестерол, што
може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања.
Како да користите ленено семе за детоксикација?
Важно е семките од лен што ги земате да бидат органски за да немаат пестициди и хербициди.
Постојат различни начини на користење на ленено семе за чистење на дигестивниот систем.
– Цели ленени семки
Измијте 1 до 2 лажици ленено семе и ставете ги во чаша. Прелијте ги со филтрирана вода и
оставете ги да отстојат преку ноќ. Наутро ќе забележите дека семките од лен формирале гел.
Јадете натопени ленени семиња најмалку 2 недели.
– Мелени ленени семки
Мелените ленени семки се малку полесни за употреба бидејќи можете да ги додадете во јогурт,
салати, житарки или смути.
Идеално е да ја користите дозата што ја мелете веднаш секој пат, бидејќи тие брзо можат да ги
загубат своите хранливи својства.
ЗАПОМНЕТЕ- Ако ги користите ленените семки веднаш откако ќе ги мелете, тогаш навистина ќе
ги искористите сите омега 3 масни киселини што ги содржат.

 

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...