Моќна ајурведска техника против стрес и болка во телото

Олеснете го стресот и болката со помош на ајурведско и јога опуштање на мускулите

Дали сметате дека стресот и неизвесноста се многу мачни?

Дали чувствувате секојдневна вознемиреност и напнатост во мускулите, особено на вратот и рамената?

Дали страдате од физичка болка? Кога чувствувате стрес, вознемиреност или сте многу загрижени, вашето тело реагира со напнатост во мускулите затоа што добива сигнал дека треба да се одбрани од нешто. За да го надминете ова, ви предлагаме да пробате едноставна релаксациона техника, која можете да ја изведувате сами каде и да сте, без помош на ајурведски терапевт или јога инструктор. Сè што ќе ви треба е јога подметач или пешкир и добра волја (само 10-20 минути на ден). Ајурведската техника /АТ/ ќе ви помогне да ја ослободите вознемиреноста, напнатоста и стресот акумулирани во вашите мускули. Кога вашето тело е опуштено, едно е сигурно – не се чувствувате нервозни или вознемирени, а мислите се некако попријатни и позитивни. Што е АТ?, тоа е терапевтска техника со која специфично ги затегнувате индивидуалните мускулни групи, а потоа свесно ги релаксирате или истегнувате. Оваа техника го активира вашиот парасимпатичен систем, кој е одговорен за длабока релаксација на телото, побавно отчукување на срцето и намалување на крвниот притисок. Со помош на оваа техника не само што можете да се ослободите од стресот, туку и да ја ублажите болката, која исто така може да биде резултат на натрупаниот стрес и негативните емоции. АТ е многу древна јога техника која е стара 5.000 години. Древните ајурведски мудреци велат дека силната вознемиреност, стрес и стравот доведуваат до рефлексна напнатост во мускулите, но исто така е и спротивното – со свесно опуштање на мускулите, можеме да го релаксираме и смириме умот. На овој начин, самата вознемиреност ќе исчезне. Примената на оваа техника е магија на релаксацијата: телото го релаксира умот, а потоа тоа испраќа сигнали за релаксација до телото преку паарасимпатичните нерви. Ова докажува дека телото и умот се многу тесно поврзани и кога делувате на едно од нив, сигурно делувате и на другото.

За кого е АТ? АТ се препорачува за луѓе кои: страдаат од хроничен стрес и тие се склони кон вознемиреност или грижа, оние кои имаат проблеми со спиењето и имаат чести главоболки или мигрена, оние кои страдаат од гастроинтестинални проблеми, луѓе склони кон срцеви заболувања, особено како резултат на стрес, оние кои страдаат од хронична болка, на пример во вратот и грбот, оние со дизбаланс на Вата и Пита доша.

Основни упатства за почетници

Ако сте почетник и никогаш не сте изведувале вежби за АТ релаксација, овие едноставни чекори ќе ви помогнат сами да усвоите некои основни принципи.

-Пронајдете тивко и топло место каде што можете да бидете сами барем на половина час. Носете пријатна облека што нема да ве поти додека ги изведувате вежбите и подгответе мека и удобна подлога. Ако носите леќи или очила, извадете ги.

– Најдобро е вежбите да се изведуваат во лежечка положба (може да се направи и во седечка положба).

-АТ обично започнува со опуштање на мускулите од нозете и потоа полека се движиме нагоре до стомакот, градите, рацете и главата.

-Изведете ја оваа техника со вдишување и силно затегнување или стегање на одредена мускулна група, на пр.како што се бедрата, држејќи ја контракцијата 5-10 секунди, а потоа нагло опуштете со издишување.

-Откако ќе завршите со релаксација на една група мускули, како што се бедрата, паузирајте 10-тина секунди пред да преминете кон следната група. За тоа време, обрнете внимание на сензациите што ги чувствувате во таа мускулна група.

-Кога ќе завршите со сите мускули, ќе почувствувате дека вашето тело станува помеко и порелаксирано. По извршувањето на АТ, останете мирни 3-5 минути за да дишете длабоко и мирно.

Инструкции за релаксирачки мускулни групи:

Стапала, листови, бедра: истегнете ги прстите надолу и цврсто стегнете ги мускулите во овие делови.

За бедра: затегнете ги прстите кон колената и стегнете ги мускулите на бедрата.

Колкови и задник: цврсто затегнете ги и залепете ги кон подот, длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Стомак – абдомен: цврсто стегнете ги стомачните мускули, длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Задниот дел од телото: стегнете го горниот дел од грбот во лак и одделете ги од земјата, длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Градите: затегнете го, длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди.

Предниот дел на грлото: приближете ја брадата до градите и длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Задниот дел на вратот: полека навалете ја главата наназад, така што скалпот ви е на подот (ако имате проблеми со цервикалниот дел од  ‘рбетот, изведете ја оваа позиција полека и не ја навалувајте главата премногу)., длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Област околу усните: цврсто притиснете ги усните како да давате бакнеж на најсканата личност :), длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Образите и вилицата: насмејте се што е можно пошироко и не ја штедете насмевката :)., длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Околу околу очите и носот: цврсто притиснете ги очите (забелешка: ако носите леќи, не заборавајте да ги извадите)., длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Челото: подигнете ги веѓите и силно намуртете се, но само за миг :)., длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Раменици: подигнете ги високо кон ушите., длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Горниот дел од рацете (бицепс): Стиснете ги рацете, свиткајте ги лактите и приближете ги рацете малку до рамената (како кога некому му покажете колку големи ви се мускули), длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Подлактици и зглобови: проширете ги рацете и испратете ги испружените дланки надолу, длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Дланки: стиснете ги во тупаници, длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

Забелешка: Мускулните групи на левата и десната страна на телото можат да се притискаат и опуштат одделно или истовремено., длабоко вдишете и задржете 5-10 секунди

ТРЕТМАНИ

ЈОГА

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...