Надживеј ја 100-тата со правилно дишење

Дали знаете дека правилното дишење е основ за долг живот?

При вакви напади на пандемии и не можност за дишење стануваме навистина свесни колку е важно дишењето. – Исчистете ги белите дробови со длабоко дишење! Старите јогии рекле: „Дишете мирно, водете сметка за здравјето на вашите бели дробови и ќе живеете 140 години.“ Можеби во ова верувавме или не, но јогата ни дава илјадници вежби кои на еден или друг начин придонесуваат за подобро дишење и респираторно здравје. Уште предд 5000 години древните ајурведски лекари подучувале за важноста на здивот. Па ете и ден денес е сеуште актуелно истото древно знаење. Во не така дамнешната 1860 година, Луис Пастер изјавил дека дишењето е најмоќното средство за зајакнување на отпорноста на организмот и сметал дека е исклучително важно да се грижиме за здравјето на респираторниот систем, но и правилното дишење. За жал, во светот, 150 години по ова предупредување, респираторните заболувања се на прво место според бројот на тестови во примарната здравствена заштита, секоја трета регистрирана болест е една од болестите на респираторниот систем, а ракот на белите дробови е на 3-то место во рангирањето на смртност. Живеењето далеку од природата очигледно, светската популација му оддаваат почит не само на пушењето или на загадениот воздух, туку и на недостаток на свесност за важноста на здравјето на дишните патишта, а ние малку размислуваме за правилно дишење. Нашите предци, живеејќи во природни услови, во лов, риболов и постојано движење на чист воздух и борба со природни и временски непогоди имале идеални услови за здраво дишење. Денешниот човек нема ништо од тоа и со седентарен начин на живот, тој користи само една десетина од капацитетот на белите дробови, наведува јоги Шри Шри Рави Шанкар во своите семинари. Во секој миг 5 трилиони црвени крвни зрнца кои влегуваат во игра со секој наш здив и ја создаваат врската помеѓу дишењето и зајакнувањето на природниот имунитет на јонскиот баланс во крвта. Старите јоги едноставно рекле: „Дишете мирно, водете сметка за здравјето на вашите бели дробови и ќе живеете 140 години.“ Можеби во ова верувавме или не, но јогата ни дава илјадници вежби кои на еден или друг начин придонесуваат за подобро дишење и респираторно здравје.

Исчистете ги белите дробови со длабоко дишење

Дали знаете дека капацитетот на вашите бели дробови е 6 литри воздух и дека едвај да вдишувате количина од 9000 литри на ден? Но, тоа не значи дека вашите бели дробови работат со полн капацитет. За жал, повеќето луѓе користат само мал дел од белите дробови, бидејќи дишат т.н. плитко дишење, поради што кислородот често не допира до сите делови и витални орган. Ако не ги користите белите дробови целосно (не користете метод на длабоко дишење и други методи кои им помагаат на белите дробови), штетните материи можат да се акумулираат во нив. Последиците од акумулацијата на токсини сигурно ги чувствувавте како: главоболка, отежнато дишење, вртоглавица и други проблеми предизвикани од намалена функција на белите дробови.

Како можете да го промените тоа? Едноставно, со методот кој веќе го правите 23 000 пати на ден! Вдишете! Но, овој пат длабоко и почувствувајте како кислородот прави чуда низ целото тело, односно свесно дишење.

Длабоко дишење за почисти бели дробови и поздраво тело

Плиткото дишење е последица на животните навики, лошото држење на телото, вкочанети мускули и слаба физичка активност. Иако белите дробови не се мускул, тие исто така треба да се вежбаат. Длабокото дишење е најдобрата вежба која брзо и лесно ќе ги исчисти вашите бели дробови и ќе ви обезбеди правилна размена на кислород и јаглерод диоксид. Тоа го стимулира зголемувањето на мускулите на дијафрагмата и полесно ќе ги исполни алвеолите (воздушните вреќи), со што ќе се обезбеди повеќе кислород за целиот организам. Ослободение од насобраните токсини ќе почувствувате многу други придобивки. Бавното длабоко дишење со стомакот ќе поттикне правилно држење на телото и работата на мускулите на торзото кои учествуваат во дишењето, па затоа ‘рбетот ќе ви биде благодарен за тоа. Белите дробови учествуваат во хормоналниот систем на контрола на крвниот притисок, така што вежбите за длабоко дишење можат да послужат и како природна помош при хипертензија. Во исто време, тоа ќе ве релаксира и смири и е одличен метод во борбата против стресот.

Како да дишете длабоко? За да утврдите дали вежбате правилно, едната рака можете да ја поставите на стомакот, во пределот на папокот, а другата на градите. Пронајдете тивко и мирно место. Би било идеално по природа, но ќе ви послужи и секој простор каде што се чувствувате добро. Седнете, затворете ги очите и започнете со длабок здив, преку носот. Дишете полека. Бројте до пет додека вдишувате. Фокусирајте се на стомакот – започнете со него, оставете го прво да се „наполни тој“, а дури потоа белите дробови. Вдишете колку што можете, додека белите дробови и стомакот не ви бидат целосно „исполнети“. Задржете го здивот неколку секунди (3-5) и потоа издишете полека, сметајќи повторно до седум. Испразнете го целиот воздух колку што можете повеќе, дури и кога мислите дека нема повеќе атоми. (почувствувајте како стомакот се вовлекува навнатре). Кога ќе го издишите целиот воздух, вдишете повторно. Повторете ја вежбата вкупно 10 пати. Потоа дозволете си малку време за медитација. Идеално време за оваа практика е од 6-10 ќасот наутро /времето на кафа доша/ Воведете го овој метод во вашата дневна рутина, за да им помогнете на белите дробови, но и да му обезбедите на вашето тело нова енергија и виталност. Набргу ќе увидите сами колку е корисно практикувањето на длабокото дишење. На почеток би било добро да ја започнете оваа практика под надзор на ајурведски тарапевт или искусен јога инструктор.

 

ЈОГА

Кафа

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек за силна главоболка

Ајурведски лек од мед, лук, црн пипер и кардамом во борба против главоболката Со комбинирање на овие четири намирници, со додаток на црниот пипер во смесата, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици врз вашето тело како апчињата против...

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

АЈурведски лек за опструктивна и силна кашлица

Постојана кашлица поврзана со други симптоми како: скратен здив, голема количина на слуз или крвав исцедок може да укаже на посериозен медицински проблем. Постојаната кашлица е чест респираторен симптом, но исто така може да укаже на заболување на срцето,...

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Прекрасен ајурведски здрав рецепт за секој ден

Како да го започнете и завршите денот? Ајурведата препорачува голема употреба на ферментирани млечни производи доколку не пречи на дигестијата. Еве една здрава и лесна закуска з апочеток и крај на денот. Рецепт: 1 јаболко, 1 лимон, Кефир или јогурт /количина по...