Најдобриот ајурведски чаj кој веднаш ќе ве ревитализира и загрее

Масала чај е ароматичен пијалак направен со подготовка на чајни лисја со издробени цели зачини, ѓумбир и млеко. Лисјата од чај се загреваат доволно за да се ослободи нивниот вкус. Се додава млеко, и засладувач.

Употребата на цели зрна зачини и ѓумбир е она што го издвојува овој чај од сите останати на светот. Употребата на зачини во сирова форма потекнува од Ајурведата. Познато е дека зачините имаат антиинфламаторно дејство и го градат имунитет. Нашиот рецепт за чај со ѓумбир, кардамом и лимон и Кичари исто така се користат како состојки засновани на ајурведски принципи, за да се изгради имунитет.

Комбинацијата на користени зачини може да варира од рецепт до рецепт, но ние ги користиме следниве зачини: каранфилче, кардамон, цимет, анасон, црн пипер… Убавината на рецептот е во тоа што можете да си играте со зачини и да додавате повеќе или помалку од секој од нив. Направете ваша варијација на овој основен рецепт, со додавање состојки како што се лимоновата трева,куркума, итн.
Масаала чај се послужува во керамичка, порцеланска или теракотна чаша  и чајник

Како делува овој рецепт

Со ајурведски, антиинфламаторни својства, масала чајот има преку 200 здравствени придобивки.

Состојки:

2¼ чаши вода
5 цм ѓумбир, користете свеж корен од ѓумбир
2-3 зрна кардамон или ½  лажичка
3-4 зрна црн пипер или ½  лажичка
½ лажичка куркума
½ стапче од цимет или ½  лажиче
1 лажичка семе од анасон
1 лажица квалитететен црн чај
2 кафен лажички шеќер по избор
½ чаша млеко козјо или билна замена

Инструкции:

Во тенџере, додадете ја водата. Затоплете на шпорет.
Изрендајте го ѓумбирот или изблендирајте го со помош на толчник. Додадете го во водата што врие.
Нежно истолчетете ги зачините (кардамом, каранфилче, стапче цимет, црн пипер, семе од анасон) и додајте ги во водата.
Нека зоврие водата.
Откако водата ќе почне да врие, намалете го огнот и додадете ги листовите од чајот. Оставете го да врие околу1 минута.

Намалете го огнот, додадете ги млекото и шеќерот и оставете го да врие уште 1 минути.
Исклучете го огнот и оставете го чајот да седи 3-4 минути.
За сервирање, процедете го чајот користејќи цедилка.

 

Послужете топло и ушивајте во прекрасниот вкус и мирис 🙂

 

Органска куркума во прав 200гр

Органски кардамом во прав 200гр

Кичари – ајурведска храна за подобра меморија

Ајурведски трик – чај од кардамом за подобра дигестија

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Зошто препорачуваме редовна употреба на ајурведските капки за нос!

Знаеме дека со редовно и грижливо одржување и подмачкување на автомобилот, го доведуваме во одлична состојба. Истото се случува и со нашето тело. Повеќе грижа, подобро здравје. Дали редовно го одржуваме нашето тело, дали редовно го прочистуваме и подмачкуваме??...

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

Зошто треба да се практиукува медитација од најмали нозе

  Медитацијата е тотална концентрација во сегашниот момент, фокусирана на самореализација, да си свесен за себе, да знаеш навистина кој си, да умееш да се исклучш од светот  и да се најдеш. Ако медитацијата во училиште стана предмет на изучување, децата ќе...

Кафа доша и справување со стресот

Кафа доша и справување со стресот

Оваа доша има најмали изгледи за раздразливост од сите три доши бидејќи ја карактеризираат смирена и приземјена природа и однесување. Сепак, кога тие се вознемирени и се под стрес, не ги споделуваат сопствените чувства и го таложат непријатното искуство. Сево ова...